Граѓанскиот ресурсен центар објавува отворен повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество кои ќе служат како екстензија на ресурсните центри за поддршка и зајакнување на локалните организации.
Повикот е отворен за регионални експерти од граѓанското општество од следните плански региони: Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион.
Краен рок за аплицирање е 04 јули 2025 година. Апликациите треба да се достават на [email protected].
Овој повик е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.




