Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

10 Апр 2025

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да стекнат нови вештини и да ја зајакнат поврзаноста со заедницата. Волонтерството не само што помага во решавање на локални проблеми, туку и создава чувство на солидарност и колективна одговорност.

Со таа цел Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на Работилница за волонтерство и развивање на програма за волонтирање што ќе се оддржи онлајн на 06-07 мај 2025 година.

Што ќе научиш на оваа работилница?

Дневен ред: ДЕН 1

10.00 – 10.45СЕСИЈА 1: Вовед
Разбирање на вредностите на волонтерството
10:45 – 11:30СЕСИЈА 2: Разлики во концепти: волонтерство, практикантство, стажирање и помагање на заедниците
11:30 – 11:45Пауза
11:45 – 12:30СЕСИЈА 3: Циклус на ефективен волонтерски менаџмент во граѓанските организации 
12:30 – 13:00Дискусија

Дневен ред: ДЕН 2

10.00 – 10.45СЕСИЈА 1: Законска рамка за развој на волонтерството
10:45 – 11:30СЕСИЈА 2: Програма за волонтирање, опис на волонтерска позиција
11:30 – 11:45Пауза
11:45 – 12:30СЕСИЈА 3:  Практична вежба за изготвување на Програма за волонтирање и Опис на волонтерска позиција
12:30 – 13:00Дискусија

По завршување на работилницата, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи волонтерството во нивните организации!

Потребни предзнаења?

За следење на оваа обука не се потребни предзнаења. Пред оваа работилница учесниците треба да ја проследат онлајн воведната обука за волонтерство, која се состои од една сесија во времетраење од 10 минути.

Пријави се на следниов формулар:

Пријавуањето е завршено.