Отпочнување на консултации: Повик за предлози за граѓански и медиумски организации, ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество (CSF) и медиумите 2024–2025 година, Република Северна Македонија

4 Фев 2025

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува консултации со граѓанското општество и другите засегнати страни за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојните повици за предлози во рамките на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2024 – 2025. Оваа онлајн консултација е отворена од 4ти до 20ти  февруари 2025.

Повиците за предлози го одразуваат стратешкиот пристап на ЕУ за регионот на проширување, утврден во програмската рамка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III) и ќе се фокусираат на клучните области на јавните политики неопходни за унапредување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Во овој контекст, граѓанските и медиумските организации имаат клучна улога во идентификувањето на главните области на јавните политики и активно вклучување во процесите на креирање политики и донесување на одлуки на различни теми кои се важни за процесот на пристапување и приближување кон ЕУ.

За таа цел, Европската комисија програмираше суштинска поддршка за граѓанските и медиумските организации преку Програмата ИПА Инструментот за поддршка на граѓанското општество и медиумите. Во овој контекст, Програмата ИПА III CSF 2024-2025 ги идентификуваше приоритетите за понатамошен политички и финансиски ангажман со граѓанските и медиумските организации, што се во согласност со целите на Насоките за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027 година.  

Овој прашалник треба да ѝ помогне на Делегацијата на Европската Унија во идентификување на приоритетните теми, видовите активности и други специфики за следните повици за предлози:

  1. Повик за предлози (Акциски грантови) - Поддршка за систематско учество на граѓанското општество во процесот на преговори и пристапување во ЕУ;
  2. Повик за предлози (Акциски грантови) - Поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во различни тематски области на јавните политики;
  3. Повик за предлози (оперативни грантови) – Рамковни договори за партнерство

Ве молиме да го пополните Прашалникот најдоцна до четврток, 20 февруари 2025 година, до крајот на работно време, за да може вашиот придонес да биде земен предвид пред објавувањето на овие повици во првиот квартал од 2025 година.

Ви благодариме за вашата соработка и го очекуваме вашиот придонес.

Прашалник за утврдување на приоритети на повик за грантови 2025

Прашалник за утврдување на приоритетите на повикот за грантови


Ве молиме за сите три дела да го дадете вашето мислење за наведените приоритетни теми/сектори, со тоа што ќе им доделите највисок, среден или најнизок степен на важност на означените тематски приоритети.

Потоа, предложете потсектор(и) на кои треба да им се посвети посебно внимание и улогата што граѓанските организации можат да ја играат во процесот (односно предложете што би можеле граѓанските организации да направат за да придонесат за секој сектор).

На крај, накратко оправдајте ја релевантноста за избраната приоритетна тема/сектор(и).