fbpx

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

20 Јан 2025

Информативни сесии

На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и фондации. Советот се формира со Одлука на Владата на Република Северна Македонија, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанското општество во Македонија.

Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува претставниците на граѓанските организации на информативни сесии за презентирање на јавниот повик за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Информативните средби ќе се одржат со следниот распоред:

Целта на овие информативни сесии е да се информираат граѓанските организации за клучните надлежности и улогата на Советот со фокус на процесот на избор, условите и критериумите за подобност, роковите и начинот на гласање за пријавените кандидати за членови на Советот од редот на здруженија и фондации. На овие информативни сесии, претставникот од Генералниот секретаријат на Владата детално ќе го презентира повикот и формуларот за аплицирање на повикот за избор на членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите. Организациите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат дополнителни појаснувања за повикот, изборот и гласањето.

Дополнително, настанот ќе послужи за информирање на организациите за претстојните промени во правната рамка за подобрување на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество во земјата како и за процесот на изготвувување на новата Стратегија за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план за 2025-2028.

Граѓанскиот ресурсен центар ги покрива патните трошоци во висина на автобуски билет за учесниците што не се од местото каде што се спроведува настанот.

Пријавете го вашето учество за информативните сесии преку пополнување на формуларот:

Пријава за информативна сесија за Јавен повик за избор на членови на Советот
Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...