Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на работилница за дигитална трансформација на граѓанските организации што ќе се оддржи на 12-13 декември 2024 во Охрид.
Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да ги разберат основите на дигиталната трансформација, нејзината важност за модерното работење и како истата може да се примени за зголемена ефикасност, поголемо влијание и одржлив раст на граѓанските организации.
Што ќе научиш на оваа работилница?
- Како дигиталната трансформација може да ја зголеми ефикасноста на внатрешните процеси и тимската координација
- Кои дигитални алатки се најпогодни за управување со проекти, тимови и податоци во граѓанските организации
- Како да се создадат стратегии за фандрејсинг и застапување засновани на дигитални решенија
- Клучни техники за редефинирање на тимските улоги и адаптирање на човечките ресурси за успешно воведување на дигитални иновации.
По завршување на работилницата, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи дигиталната трансформација на нивната организација!
Што е обезбедено?
Организаторот ги покрива сите трошоци за работилницата, поврзани со сместување, патување (во висина на автобуски билет) и работни материјали.
Рок за пријавување: Најдоцна до 6 декември 2024 година. Пријави се на следниов формулар: