Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на онлајн дебатата „Дигитална трансформација на граѓанските организации“, која ќе се одржи на 21 октомври 2024 година (понеделник) со почеток од 12 часот на платформата ЗООМ.
Целта на настанот е да се отвори дискусија за важноста на дигитализацијата и да се презентираат и продискутираат начините на кои граѓанските организации можат да ги применат дигиталните алатки за да го подобрат своето работење, транспарентност и влијание. На настанот ќе бидат презентирани и успешни примери за дигитална трансформација во граѓанскиот и во јавниот сектор, примери за успешни дигитални решенија и социјални иновации имплементирани во Македонија, и нивното влијание за внесување значителни промени.
Во вториот дел од настанот, присутните ќе имаат можност да постават прашања и да дискутираат за можностите и предизвиците со кои се соочуваат граѓанските организации во поглед на дигитализацијата.
АГЕНДА
12:00/12:15 | Отворање на настанот Валентина Величковска, извршна директорка, Граѓански ресурсен центар Анита Гаговска Тренчевска – регионален експерт за југозападен плански регион во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” |
12:15/13:00 | Улогата на вештачката интелигенција во подобрување на граѓанското учество и креирањето политики во дигиталната ера – Проф. Д-р Горан Шибаковски, Декан на Факултетот за Применети ИТ, УИНТ Св. Апостол Павле Охрид Примена на вештачката интелигенција за подобрување на општественото влијание – Проф. Д-р Александар Карадимче, Декан на Факултетот за информатички и комуникациски науки, УИНТ Св. Апостол Павле Охрид ИТ решенија и социјални иновации во корист на зголемување на импактот и одржливоста на граѓанските организации – Проф. Д-р Моника Марковска, Факултет за информатички и комуникациски технологии, Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и претседателка на Здружението за социјални иновации ВР Лаб Битола Успешни примери за дигитална трансформација и влијание – М-р Атанас Гоџоски, Директор на Ангор АГ, ИТ компанија Подобрување на продуктивноста преку дигитални алатки (споделување на пример: Aqtos) – Дамјан Дано, консултант за дигитална трансформација и основач на Aqtos и IWM Network Фацилитатор: Анита Гаговска Тренчевска – регионален експерт за југозападен плански регион во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” |
13:00/13:30 | Дискусија |
Пријави се за учество
Пријавените учесници ќе добијат линк за да се вклучат на онлајн настанот.
Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на проектот е зголемен капацитет и отпорност на граѓанските организации за тие да бидат компетентни, ефективни и отчетни независни чинители и околина која е погодна за граѓанското општество.