fbpx

Развиен граѓански сектор и активни екологисти во Вевчани

29 Мар 2024

Локалните организации, активистите и претставниците на Општина Вевчани се сретнаа со тимот на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) на 22 март 2024 година во Мултикултурниот центар во Вевчани. Пристутните се информираа за можностите што ги нуди ГРЦ како и актуелностите за развој на граѓанското општество на локално и национално ниво. Оваа посета на Мобилниот ресурсен центар го доближува ГРЦ до локалните организации во различни општини и дава можност за дискусија за потребите и предизвиците со кои се соочуваат организациите во своето работење.  

Голем дел од активните локални организации во општина Вевчани работат во областа на заштита на животната средина, екологија, развој на културата, заштита на традицијата, природното и културното наследство.  Локалните организации имаат различни извори на финансирање на своите активности како индивидуални донации, корпоративни донации, чланарини, средства од општината и странски донации. Присутните споделија примери на индивидуално и корпоративно давање на локалните организации за организирање културни и традиционални настани. Дел од присутните се сложија со констатацијата  дека донаторите се заинтересирани за донирање за развој на регионот, меѓутоа организациите немаат доволно капацитети за изготвување на квалитетни апликации и аплицирање на проекти. Организациите побараа поддршка од ГРЦ за спроведување на обуки за развивање на проектна идеа и пишување проектна апликација.

Претставниците од општинската администрација истакнаа дека општината обезбедува простор за дел од локалните организации како што е планинарскиот дом, а дополнително локалните организации можат да побараат простории за организирање на ад-хок настани и состаноци. Сепак општината нема доволно свои објекти за да обезбеди постојан простор за сите локални организации. Во општинскиот буџет има алоцирано средстава за финансирање на активности на локалните организации главно поврзани со културното наследство и традиција, меѓутоа општината не распишува отворен повик за финансирање на активности на граѓанските организации. Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...