fbpx

Граѓанските организации во Дојран побараа јакнење на нивните капацитети

3 Окт 2023

На 26 септември, Мобилниот ресурсен центар одржа средба со граѓанските организации во општина Дојран. Oрганизациите беа информирани за можностите и услугите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар. Локалните организации изразија најголем интерес за јакнење на нивните капацитети за пишување проектни апликации и спроведување на проекти и за начините на мотивирање и вклучување на младите во работењето на организациите.

Претставниците на организациите изјавија дека соработката меѓу самите организации како и со општината е на задоволително ниво, а дел од нив се пофалија дека соработуваат и со сродни организации од регионот и пошироко. Сепак, малиот  број активни организации во општината се спортските и културно-уметничките здруженија, здружението на пензионери, планинарското и здружението на жени. Слаб е интересот меѓу младите за волонтирање и вклучување во работењето на локалните организации.

Општината доделува финансиски средства за локалните организации но, главно тие завршуваат кај спортските здруженија. Јавниот повик се отвора во декември, а одлуката ја носи општинскиот совет. Според градоначалникот на Општина Дојран, г. Анго Ангов, слаб е интересот на организациите и тие не се активни во општината. Дополнително тој ја потврди слабата заинтересираност меѓу младите и посочи неколку активности планирани за следниот период за мотивирање и поактивно вклучување на младите во општината. На состанокот со градоначалникот беше потенцирана и обврската на општината согласно Законот за младинско учество и младинска политика за функционални младински совети, постоење на службеник за млади во општината и отварање на младински центри.  

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...