Дискусија за соработката меѓу бизнис заедницата и граѓанското општество

22 Сеп 2020

Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на онлајн настанот „Важноста на соработката на бизнис заедницата и граѓанското општество за градење на подобро општество “што ќе се одржи на 29 септември 2020г. од 13:30 часот на платформата ЗООМ.

Претставници од граѓанскиот и приватниот сектор ќе говорат за досегашните искуства од соработката која ја оствариле и ќе понудат практични совети за мобилизирање ресурси. Всушност, оваа тема е од огромно значење за граѓанските организации кои работат на зголемување на својата одржливост и независност од типичните донатори. Настанот ќе понуди нова перспектива за оние организации кои досега не размислувале за мобилизирање локална поддршка од бизнисите, а од друга страна ќе даде конкретни информации за потенцијалот и можностите кои ги нуди ваквата соработа за оние здруженија кои се двоумат или се плашат дека ќе бидат одбиени.

АГЕНДА

13:30 - 13:40Отворање на настанот и воведно обраќање
- Фрејк Јанмат, Делегација на Европска Унија
- Валентина Атанасовска, Македонски центар за меѓународна соработка
13:40 – 14:00Соработката меѓу бизнис заедницата и граѓанските организации за време на КОВИД-19
- Соња Бојановска, Тинекс
- Душко Христов, Банка за храна
14:00 – 14:30   Можности за континуирана соработка меѓу бизнис секторот и ГО
- Александра Петровска Горин, Фармахем
- Бесир Дерњани, Фондација за развој на образование и култура АЛБИЗ
- Љупчо Крстевски, Локална акциска група Преспа
14:30 – 14:45Дискусија
14:45 – 16:00Донациите и спонзорствата за градење на инклузивно општество
- Никица Кусиникова, Конект

Регистрирајте се за учество на настанот.

[wpforms id="2963"]

По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан.

Настанот е организиран во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.