fbpx

Обука за мониторинг и евалуација на граѓански организации

8 Јан 2020

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на:

  • Обука за мониторинг и евалуација на граѓански организации, 23-24 јануари 2020, Скопје

Преку обуката за мониторинг и евалуација на ГО, претставниците на граѓанските организации ќе ги надградат своите знаења за техники и методи на мониторинг и евалуација во организација, системи за мониторинг и евалуација, како и алатки за само-оценка на организација.

Преку практични вежби, учесниците ќе стекнат знаење за процесот на мониторинг и евалуација, вклучувајќи избор и карактеристики на добри индикатори за мерење на резултатите и влијанието на работењето на ГО.

Обуката е наменета за претставници на граѓански организации. Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата и да ја испратат на info@rcgo.mk најдоцна до 16:00 часот на 15.01.2020.

Апликациите што не се целосно пополнети нема да бидат земени предвид при избор на учесници за обуката.

Обуката е дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организацииво рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...