fbpx

Во Брвеница недостасуваат граѓански иницијативи

15 Ное 2018

Работата на граѓанските организации во руралните средини и соработката со локалната администрација беше главната тема на средбата на граѓанските организации за време на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа во соработка со локалната администрација на општина Брвеница на 12 ноември 2018 година.

Учесниците беа согласни дека во руралните средини поголем е предизвикот за покренување и реализација на граѓански иницијативи. Тие ги истакнаа своите приоритети како што се: покренувањето на граѓански иницијативи, потребата од знаења и вештини за подготвување пријави за проекти, користењето ИТ алатки, како и навременото информирање за тековните случувања, активностите и можностите за финансирање на организациите.

Општината досега соработувала со граѓански организации од регионот, а поддржала и младински локални иницијативи за подобрување на општата безбедност. Сепак, иако општината е отворена за соработка, недостасува организиран пристап и едукација на населението за негова поголема проактивност во процесите на планирање и подготовка на локални планови, стратегии и политики.

Дел од учесниците посочија дека постојат иницијативи за чија реализација нема финансиска поддршка, а други потенцираа дека месните заедници, како форма на здружување и поттикнување на локални иницијативи, не се активни како во минатото и таа празнина се чувствува во комуникацијата на граѓаните со општината. Претставниците на локалната самоуправа објаснија дека поради отсуството на културни институции и спортски терени, општината има проблем да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните за организаирање културни и спортски настани.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар имаше средба со Енвер Пајазити, градоначалник на општина Брвеница, кого го информираше за работата на ресурсниот центар во Гостивар и поддршката што тој ја обезбедува на локалните организации од регионот.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...