fbpx

Заинтересираните регионални експерти се информираа за повикот за избор на антени на ресурсните центри

27 Мар 2024

Граѓанскиот ресурсен центар го презентираше повикот за избор на регионални експерти од граѓанското општество на пет информативни сесии во Битола, Струмица, Велес, Куманово и Струга во периодот од 13 до 22 март 2024 година. На овие информативни сесии присутните се информираа за условите на повикот и имаа можност да постават прашања за појаснување на повикот.

Од страна на тимот на Граѓанскиот ресурсен центар беше истакнато дека целта на овој повик е да се изберат регионални експерти од граѓанското општество кои ќе бидат антени на ресурсните центри во различни региони и ќе служат како контакт точки за обезбедување ресурси и поддршка на локалните организации. Овие антени на ресурсните центри ќе обезбедуваат насоки, ресурси, обуки и менторство за подобрување на капацитетите на ГО во соодветните региони и пошироко. Тие треба да поттикнуваат соработка и вмрежување меѓу организациите како и со други засегнати страни.

Покрај целта, детално беа објаснети задачите и одговорностите кои се очекува да бидат исполнети од страна на избраните експерти, како и потребните квалификации и искуството на кандидатите.

Најчесто поставуваните прашања на овие информативни сесии се однесуваа на времетраењето на работниот ангажман, како и начинот на кој би биле ангажирани експертите. Исто така имаше и прашања кои се однесуваа на висината на надоместоците кои би ги добивале избраните кандидати, како и за постапката за избор.

Краен рок за аплицирање е 29 март 2024 година, а апликациите треба да бидат доставени на info@rcgo.mk.

Изборот на експерти ќе се врши во консултација со Делегацијата на Европската Унија, врз основа на дефинираните критериуми. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг во процесот на селекција ќе бидат интервјуирани. Само успешните апликанти ќе бидат контактирани и известени.

Информативните сесии беа организирани во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...