fbpx

Стекнатото знаењето и практичната работа за планирање проекти ќе доведат до успешни проектни апликации на граѓанските организации од Скопскиот регион

16 Апр 2024

На работилница одржана на 11 и 12 април 2024 во Скопје, се јакнеа капацитетите на граѓанските организации од Скопскиот регион, на теми поврзани со планирање проекти и пишување на проектни апликации.

Работилницата се одржа во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје како последователна активност на онлајн Обуката за планирање  проекти и пишување проектна апликација.  Присутните граѓански активисти од овој регион го зголемија своето знаење и вештини за развој на проектна идеја и планирање на проект, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на проектна стратегија, пристап на логичка рамка, логика на интервенција, индикатори за проверка на успехот на проектот, претпоставки и ризици. Тие стекнаа знаења и за алокација на ресурси за планираните активности и подготовка на буџет за проектот. Преку практичните вежби, учесниците стекнаа знаења за пополнување на формата за аплицирање и нејзино поврзување со логичката рамка.

Присутните граѓански активисти го изразија своето задоволство преку практична работа да се стекнат со вештини за подготовка на апликации.

Преку работилницата за пишување на проекти и проектни апликации имав можност да се стекнам со нови знаења околу целокупниот процес, почнувајќи од дијаграмот на проблеми, цели и логичка рамка преку генерирање и планирање на буџети. Преку практичната  работа и помошта од експертите се надевам дека нашата наредна проектна апликација ќе има позитивни резултатиГолема благодарност до целиот тим на ГРЦ.“, рече Горан Јакимоски од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА од Скопје.

И за останатите учесници беа корисни темите кои беа опфатени на работилницата. „Работилницата беше од голема корист и за мене лично како учесник, но и за мојата организација за подобрување на капацитетите за подготовка на проектни апликации. Темите кои беа опфатени на работилницата беа многу значајни од аспект на подобрување на вештините на персоналот во организацијата кој работи на подготовка на проекти. Особено беа значајни информациите за можностите за генерирање на фондови, подготовка на логичка рамка и планирање на проект и подготовка на буџет и алокација на ресурси.”, рече Маја Ацевска, претседателка на Кризен Центар „Надеж“ од Скопје. На крајот таа даде топла препорака за учество на ваква работилница за сите оние кои досега не учествувале.

Работилницата беше одлично искуство и за Ивана Серафимовска од Македонската развојна фондација за претпријатија од Скопје. “Научив многу новитети за секојдневното работење со проекти и го надоградив моето знаење. Голема благодарност до обучувачите за неисцрпното презентирање на материјалот и своите досегашни искуства“, истакна таа.

Интересот на граѓанските организации за јакнење на нивните капацитети од оваа област е голем. На јавниот повик за учество на работилница на оваа тема се пријавија над 100 претставници на ГО, а својот интерес организациите го изразуваат и преку директна комуникација со претставниците на ГРЦ на различни настани, состаноци, мобилни ресурсни центри и сл. Во следниот период и во други општини ќе бидат организирани работилници на истата тема со цел, што е можно поголем број заинтересирани претставници на граѓанските организации да имаат можност да учествуваат.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...