fbpx

Повик за учество на Работилница за планирање проекти и пишување на проектна апликација

25 Сеп 2023

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следнава работилница: Генерирање фондови- Работилница за планирање проекти и пишување на проектна апликација што ќе се оддржи на 26-27 октомври 2023 во Скопје.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до 13.10.2023

Услов за учество

Услов за учество на оваа работилница е претходно да ја имате поминато онлајн Обуката за планирање  проекти и пишување проектна апликација. За соодветно планирање на времето, ве молиме имајте предвид дека за да се помине оваа онлајн обука ви се потребни 12 дена од денот на регистрацијата бидејќи онлајн обуката се состои од 6 модули кои ги добивате на  период од два дена. Секој модул, во просек, е со времетраење од околу 20-30 минути.

За работилницата

Работилницата за планирање проекти и пишување на проектна апликација ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат нивното знаење и вештини за развој на проектна идеја и планирање на проект, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на проектна стратегија, пристап на логичка рамка, логика на интервенција, индикатори за проверка на успехот на проектот, итн. Преку практичните вежби, учесниците ќе стекнат знаење за пополнување на формата за аплицирање и нејзино поврзување со логичката рамка, како и пишување на проектната апликација.

Со цел да се обезбеди успех и резултати од градењето капацитети, после оваа обука, со обучените организации ќе се спроведат последователни менторски активности за да се осигура дека предвидените резултати се финализирани.

Дел од активностите преку кои  Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“ ќе придонесе граѓанските организации да имаат подобри капацитети, долгорочно планирање, одржливост, видливост, застапување, ефективност и да работат на потранспарентен и поодговорен начин, меѓудругото, се:

  • Обуки, консултации и менторство на различни теми, во живо и онлајн и
  • Грантова шема – мали акциски грантови за поддршка на локални тематски иницијативи на мали граѓански организации во заедницата

Грантовата шема ќе биде директно поврзана со програмата за градење капацитети на проектот, односно за да бидат подобни, меѓудругото, апликантите за мали грантови ќе треба да имаат завршено најмалку една обука/работилница (онлајн или во живо) пред да аплицираат на повикот за грантови. Спроведувањето на оваа грантова шема начелно е планирана за 2025 година.

Пријава за учество

Овие активности се дел од проектот ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...