Покана за учество на настан „Да разговараме за МЛАДИТЕ И ВОЛОНТИРАЊЕТО“

25 Ное 2024

Граѓанскиот ресурсен центар ве поканува заеднички да го одбележиме Светскиот ден на волонтерите со настанот „Да разговараме за МЛАДИТЕ И ВОЛОНТИРАЊЕТО“.

Покрај претставници од граѓанските организации, на настанот очекуваме млади, ученици и професори, како и други заинтересирани учесници.

Доколку вашата организација има позитивни примери од волонтерски акции документирани низ фотографии и/или видеа кои би сакале да ги претставите, би можеле да издвоиме простор во работната просторија за изложување на истите.

Исто така, ако сакате да споделите можности за волонтирање со присутните млади, Ве каниме да донесете печатени материјали (оглас за волонтери, опис на волонтерска позиција, флаери, контакт информации…)

Детали за настанот:

Датум: четврток, 5.12.2024 год

Локација: Ресурсен центар Штип („Петта партиска конференција“ бб, Штип / Мултимедијален центар Канал 77, 3-ти кат)

Агенда:

  • 09:45-10:00 / Пристигнување и регистрација на учесниците
  • 10:00-11:15 / Поттикнување на културата на волонтирање во рамки на образовниот систем
  • 11:15-11:30 / Пауза
  • 11:30-13:00 / Како ние, младите, можеме преку волонтирање да ги подобруваме нашите заедници?
  • 13:00-13:30 / Коктел
Пријава за учество на настан „Да разговараме за МЛАДИТЕ И ВОЛОНТИРАЊЕТО“
НАПОМЕНА: Доколку сте малолетни (под 18 год), Ве молиме да обезбедите потпишана согласност за фотографирање/снимање од родител/старател која ќе треба да се достави при регистрацијата на настанот. Согласноста можете да ја превземете од следниов линк: https://drive.google.com/file/d/1gtSt769bcRQoNRArWlcnI8iJMvBDWuhY/view?usp=sharing
Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

Чувството на среќа и задоволство од правењето добро за некого е најважната придобивка од волонтирањето

“Чувството на среќа, задоволство и радост од давањето и правењето добро за некого се главните придобивки од волонтирањето“ беше општиот заклучок од Работилницата за волонтерство и развивање програма за волонтирање, одржана онлајн на 6-7 мај 2025 година на платформата...

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанските активисти од Источниот регион ги унапредија вештините за застапување и инспирирање промени за родова еднаквост и млади

Граѓанскиот сектор постојано еволуира, под влијание на глобалните и националните случувања. Новите политички реалности, како што е примерот со промените во САД, имаат директен ефект врз стратегиите и приоритетите на граѓанските организации. Оваа динамична природа бара...

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Повик за учество на онлајн работилница за волонтерство и развој на програма за волонтирање

Волонтерството во граѓанските организации и заедници е моќен начин за градење позитивни промени и зајакнување на општеството. Преку ангажирање на волонтери, организациите добиваат поддршка за своите активности, додека волонтерите имаат можност да придонесат, да...