fbpx

Локалните организации дознаа повеќе за партнерските грантови на ГРЦ

25 Апр 2019

Повеќе од 60 претставници на граѓанските организации учествуваа на информативните сесии за доделување партнерски грантови од Граѓанскиот ресурсен центар. Се одржаа четири вакви сесии и тоа во Скопје, Струмица, Битола и Кичево. Овие настани се покажаа како корисни за граѓанските организации бидејќи имаа можност да поставуваат прашања и веднаш да добијат одговор за сите нејаснотии и двоумења.

Јасмина Чаушоска од Граѓанскиот ресурсен центар, детално ги презентираше упатството за пријавување, формуларот за аплицирање и неговите прилози. Таа објасни кој може да аплицира на повикот, какви активности се очекуваат од апликантите, кои трошоци се подобни, кои документи се потребни за аплицирање и начинот на поднесување на пријавите.

Повикот за партнерски грантови за организациско јакнење беше објавен на 8 април 2019 година, а рокот за поднесување на пријавите е 8 мај 2019 година до 17 часот. Заинтересираните организации можат да поставуваат прашања поврзани со повикот на jch@mcms.mk најдоцна до 25 април, а сите прашања и одговори ќе бидат објавени на страната на ГРЦ на 3 мај 2019 год.

Инфомативна сесија за грантови во Кичево

Целта на овој тип грантови е да се зајакнат капацитетите на малите граѓански организации кои делуваат на локално ниво во партнерство со поразвиени граѓански организации.

Предложените активности треба да траат најмалку шест, а најмногу девет месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 123.000 и 184.500 денари, а расположливиот вкупен износ за повикот е 24000 евра, или 1.476.000 денари.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...