Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови

8 Апр 2019

Македонскиот центар за меѓународна соработка во рамки на проектот Граѓански ресурсен центар објавува јавен повик за доделување партнерски грантови за организациско јакнење.

Целта на овој повик е зајакнување на капацитетите на мали организации кои делуваат на локално ниво со поддршка на други поразвиени граѓански организации преку партнерство, соработка и заедничко учење.

Со овие грантови ќе бидат поддржани заеднички апликации на мали организации/корисници на менторска поддршка и развиени/менторски организации, при што менторската организација ќе ги зајакнува капацитетите и ќе обезбеди поддршка во процесите за подобрување на внатрешната структура и за организациско јакнење на малите локални организации/корисници на менторската поддршка.

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за партнерски грантови изнесува 24.000 евра (1.476.000,00 МКД), а ќе бидат доделени најмалку осум грантови со 

  • минимален износ: 2.000 евра (123.000 МКД);
  • максимален износ: 3.000 евра (184.500 МКД).

За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект не се обврзани да обезбедат кофинансирање.

Времетраењето на проектите треба да биде најмалку  шест, а најмногу девет месеци.

Рокот за поднесување на апликациите е 8 мај 2019 година, најдоцна до 17:00 часот.

Апликациите се доставуваат на адреса: Граѓански ресурсен центар – ГРЦ, ул. „Кирил и Методиј“ бр. 50, реон 7, 1000 Скопје (наспроти дирекцијата на НЛБ Тутунска банка Скопје), и тоа по пошта (исклучиво со препорачано писмо), по курир или со лична достава.

Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од: 

  • Формулар за аплицирање;
  • Буџет;
  • Копија од тековната состојба (не постара од шест месеци) од денот на поднесување на апликацијата (од главниот апликант и партнерската организација).
  • Копии од наративните и финансиските извештаи за претходната година (од главниот апликант и од партнерската организација);
  • Професионална биографија (CV) на персоналот од партнерската организација кој ќе ја спроведува менторската поддршка за главниот апликант.

Доколку имате проблеми околу преземањето на формуларите за аплицирање и/или имате дополнителни прашања поврзани со повикот, може да се обратите преку е-пошта на [email protected] со назнака: Референтен број: 11-85/2-2019.

Повикот ќе биде детално презентиран на четири информативни сесии и тоа:

  • на 15 април (понеделник) 2019 година во Скопје во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од 12:00 часот,
  • на 18 април (четврток) 2019 година во Струмица, во Центар на заедницата на општина Струмица, Адреса: ул. „Благој Мучето“ бр. 37 (Дом на АРМ) од 12:00 часот,
  • на 19 април (петок) 2019 година во Кичево, во салата на Советот на Општина Кичево од 12:00 часот и
  • на 22 април (понеделник) 2019 година во Битола, во салата за седници на Советот на општина Битола од 12:00 часот.

Ве молиме, доколку сте заинтересирани да присуствувате на некоја од најавените информативни сесии, најавете го своето присуство на [email protected], најдоцна до 11 април 2019 година. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

Спроведени консултации за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025–2028

На 13 јуни 2025 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа консултативна средба за финализирање на Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество со Акциски план 2025–2028. Настанот беше организиран од...

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

Зголемени капацитети на граѓанските организации за дигитално собирање податоци со алатката KoboToolbox

На 11 јуни 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ), во соработка со организацијата Kobo Inc., организираше обука за дигитално собирање и управување со податоци, наменета за граѓанските организации. На обуката присуствуваа претставници од 26 граѓански...

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Доделени 11 акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Дванаесет граѓански организации се добитници на грант преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансирана од Европската Унија, а ќе реализираат проекти насочени кон зајакнување на демократијата во државата преку подобрен изборен процес со...