fbpx

ГРЦ продолжи со активности на локално ниво преку избраните регионални експерти

6 Сеп 2024

Анита Гаговска Тренчевска и Златко Талевски ги започнаа своите активности како регионални експерти од граѓанското општество кои ќе бидат контакт точки на ресурсните центри на ГРЦ за поддршка и зајакнување на локалните организации. Тие беа избрани на отворениот Повик на ГРЦ за регионални експерти од граѓанско општество.

Избраните експерти, како составен дел на Националната платформа на ГРЦ на поддржувачи на граѓанските организации, ќе обезбедат ресурси, насоки и поддршка на локално ниво, за подобрување на капацитетите на ГО во соодветните региони и пошироко. Тие ќе поттикнуваат соработка и вмрежување меѓу ГО како и со други засегнати страни и ќе го олеснат споделувањето на знаење и најдобри практики меѓу ГО.

Анита Гаговска Тренчевска е регионален експерт на ГРЦ за Југозападниот плански регион.

Таа има повеќе од 18 години искуство во граѓанско општество, со фокус на Југозападниот и Пелагонискиот плански регион. Анита ќе обезбедува поддршка и ќе ги јакне граѓанските организации во следните области: социјалното претприемништво, дигиталната транзиција, генерирање на фондови, застапување и креирање политики, односи со јавност и видливост на граѓанските организации и квалитет на испорака на услуги.

Се радувам дека ќе можам да придонесам како регионален експерт во ГРЦ, и да го пренесам моето знаење и искуство на граѓанските организации во Македонија. Силно граѓанско општество може да направи значителна општествена промена, а дигитализацијата и социјалните иновации се едни од начините да се дојде до таа промена

истакна Анита Гаговска Тренчевска при започнувањето на нејзиниот ангажман на локално ниво.

Златко Талевски е регионален експерт на ГРЦ за Пелагонискиот плански регион.

Тој има повеќе од 20 години искуство во граѓанско општество, со фокус на Пелагонискиот плански регион. Златко ќе обезбедува поддршка и ќе ги јакне граѓанските организации во следните области: овозможувачка околина за развој на граѓанското општество, волонтерство, генерирање фондови, застапување и креирање политики, вмрежување и креирање партнерства и финансиски менаџмент на ГО.

Тука сме да обезбедиме насоки, консултации, ресурси, обуки и менторска поддршка на граѓанските организации за нивно зајакнување и градење на капацитетите. Ваквата децентрализирана поддршка ќе биде од големо значење за граѓанските организации и нивниот понатамошен развој и придонес кон нивната одржливост

додаде Златко Талевски.

Програмата на ГРЦ за градење на капацитетите на регионалните експерти за квалитетно спроведување на нивните услуги се реализираше на 3 септември 2024 г, во просториите на ГРЦ во Скопје. На оваа средба беше изготвен и план за нивната работа до крајот на 2024 година.

Активностите на регионалните експерти на ГРЦ се дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...