На 19.11.2024 година, Мобилниот ресурсен центар ја посети општина Дебарца. На средбата присуствуваа граѓански активисти, претставници на здружението „Екотуризам“ од Охрид, образовен кадар од локалното училиште и преставници на Општина Дебарца.
Претставниците на „Екотуризам“, здружение од Охрид кое активно соработува со општината Дебарца, истакнаа дека досега реализирале бројни проекти во Дебарца, финансирани од различни донатори, со фокус на заштита на Белчишкото Блато(Сини Вирој),едно од најзначајните обележја на општината. Преставниците на локалната самоуправа споделија позитивни искуства и соработка со USAID.
Присутните беша информирани за работата и активностите на Граѓанскиот ресурсен центар,и ги споделија своите досегашни позитивни искуства во имплементација на проекти. Истакнаа дека нивен најголем предизвик е депопулацијата, односно иселувањето на младите. Иако Општината има предвидено годишен буџет за граѓански организации, за жал сите организации во оваа општина се неактивни, со исклучок на спортските здруженија кои сè уште функционираат. Дел од присутните изразија интерес за формирање на ново здружение, а оваа средба ќе им биде поттик за побрза реализација и иницирање на конкретни чекори. Тимот на ресурсниот центар од Гостивар понуди поддршка и насоки за реализација на оваа идеја.
Посетата заврши со обиколка на Музејот Дебарца и Ликовната колонија, кои се наоѓаат во непосредна близина на општината.