Форми на граѓанско учество, механизми за ефективно учество на граѓаните во донесување одлуки на локално ниво

Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат своето знаење за партиципативна демократија, формите за граѓанско учество предвидени со законот за локална самоуправа, други формални и неформални методи за граѓанско учество и за консултативните механизми за вклучување на граѓанските организации во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

Златко Талевски

Златко Талевски

Обучувач

Што ќе научиш преку онлајн обука?

Партиципативна демократија и вклучување на граѓаните

Форми на граѓанско учество според законот за локална самоуправа

Формални и неформални механизми за вклучување на граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво

Улогата на граѓанските организации во процесите на донесување на одлуки

Добри практики и препораки за поголемо учество на граѓаните

За кого е наменета оваа обука?

Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации 

Потребни предзнаења

За следење на оваа обука не се потребни предзнаења

ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL

Предавањето и материјалите ќе ги добиеш по e-mail

ВИДЕО ЛЕКЦИИ

Предавањето е во видео формат, може да се следи на било каков уред

ВРЕМЕТРАЊЕ

Обуката се состои од еден модул во времетраење од околу 15 минути

ИНТЕРАКЦИЈА

Провери го наученото преку онлајн квиз за проверка на знаењето

Обучувач: Златко Талевски

Златко Талевски има над 20 годишно искуство на работа во граѓански организации како Извршен директор на Младински културен центар – Битола, а доминантни сфери на интерес и специјалност му се развојот на граѓанското општество, граѓанскиот активизам и волонтерството. Како обучувач и фасилитатор има над 15 годишно искуство во подготовка и испорачување на обуки на меѓународни и национални обуки како и во менторска поддршка на граѓански организации за развој на добри практики на организациско ниво, прибирање на средства и мобилизација на ресурси, застапување и креирање на политики, финансиски менаџмент на ГО, волонтерски менаџмент, вмрежување, соработка и градење на партнерства. Автор е на „Националниот извештај за состојбата со волонтерството“ во Северна Македонија публикуван од Европскиот волонтерски центар од Брисел во 2012 година, како и дополнетата верзија објавена во декември 2020 година. Златко Талевски е автор и на „Прирачникот за управување со волонтери во граѓанските организации“ публикуван во 2022 година.