Повик за доделување под-грантови на локални женски и грасрут организации во Северна Македонија

Рок за аплицирање

15/12/2025 23:59

Извор на финансирање

UN Women

Име на програмата

Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia

Цели на програмата

Поддржаните организации ќе придонесат кон:
– зголемена вклученост на жените, особено најмаргинализираните, во локално одлучување;
– подигната свест и знаење за родово-одговорно буџетирање;
– мобилизирање и мотивирање на локалните жени, вклучително и најисклучените, проактивно да бараат отчетност од локалните власти (како што се локални кампањи, петиции, изработка на предлози, тематски тркалезни маси и сл.) со цел засилено локално женско лидерство и застапување;
– развиени локални политики, буџети и предлози за 2026 година засновани на потребите на жените во локланите заедници;
– зајакната соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти.

Kој може да аплицира

Право на аплицирање имаат организации кои:
•се локални женски организации;
•се регистрирани во Централен регистар;
•имаат активна трансакциска сметка;
•активно работат најмалку една година;
•имаат релевантно искуство во работа со жени и женски групи, во локално заедничко организирање и во процеси поврзани со локални политики;
•организации на кои унапредувањето на родовата еднаквост им е дел од мисијата.

Кој може да биде партнер

/

Буџетска рамка во DEN (MKD)

Min:

Max: 560000

Кофинансирање

%

Време за имплементација

8-10 месеци

Линк до документ

Линк до повикот