Отворен повик – Креативни иновативни лабаратории 2027

Рок за аплицирање

22/04/2027 17:00

Извор на финансирање

European Commission

Име на програмата

Цели на програмата

Повикот има за цел да го поттикне развојот на иновативни алатки, модели и решенија што ќе ја зајакнат конкурентноста, циркулацијата на европските содржини и зелената транзиција на културните и креативните индустрии. Односно, повикот има за цел да ја поттикне соработката меѓу аудиовизуелниот сектор и другите опфатени сектори, преку промовирање решенија што одговараат на предизвиците на дигиталната трансформација и ги искористуваат можностите што ги нуди вештачката интелигенција. Меѓу целите се и зголемување на видливоста, откриливоста, достапноста и разновидноста на европските содржини, проширување на публиката и унапредување на моделите за производство, финансирање и дистрибуција.

Kој може да аплицира

Можат да учествуваат јавни и приватни субјекти, технолошки компании, стартап-компании и организации од аудиовизуелниот, културниот и креативниот сектор. Се поттикнува и учеството на бизнис-инкубатори и акцелератори, со цел да се создадат услови за развој и зацврстување на иновативните идеи.

Кој може да биде партнер

/

Буџетска рамка во € (EUR)

Min:

Max:

Кофинансирање

20 %

Време за имплементација

24 months

Линк до документ

Линк до повикот