Мали грантови за Ромски, про-ромски и младински граѓански организации кои се активни во процесите на инклузија на ромската заедница и промоција на Социјалното претприемништво за млади жени Ромки
Рок за аплицирање
02/04/2026 17:00
Извор на финансирање
European Union
Име на програмата
Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ
Цели на програмата
Проектот има за цел да придонесе за зголемување на социјалното претприемништво (самовработување и/или создавање работни места) кај младите жени Ромки во локалните заедници во Северна Македонија.
Kој може да аплицира
- Да биде правно лице регистрирано и да дејствува на територијата на Северна Македонија (регистрација во согласност со Законот за здруженија и фондации);
- Да биде непрофитна;
- Да биде директно одговорен за подготовката и управувањето со акцијата со ко апликантот/ите и да не дејствува како посредник;
- Да биде специфичен тип на организација: регистрирани организации на граѓанското општество (најмалку 1 година во моментот на аплицирање) кои работат со ромското население, во 10-те наведени општини,
- Организации кои имаат годишен обрт помал од 80.000 евра за последната фискална година;
- ГО мора да има регистрирано канцеларија/седиште во една од таргетираните општини (граѓанските организации регистрирани во Скопје се подобни за сите таргетирани локалитети во градот Скопје);
- Секоја организација (ГО) може да поднесе само еден предлог-проект како апликант или ко-апликант;
Кој може да биде партнер
a) Ко-апликантите учествуваат во дизајнирањето и спроведувањето на акцијата, а трошоците што ги имаат се прифатливи на ист начин како и оние што ги има апликантот лидер.
b) Ко-апликантите мора да ги исполнат критериумите за подобност што важат за самиот лидер на апликантот.
c) Ко-апликантите мора да го потпишат мандатот во Анекс 3 од формуларот за апликација за грант.
Буџетска рамка во € (EUR)
Min: 9000
Max: 11000
Кофинансирање
%
Време за имплементација
7-9 месеци
Линк до документ
Линк до повикот
