ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Рок за аплицирање

27/02/2026 12:00

Извор на финансирање

Општина Аеродром и ЕУ

Име на програмата

Цели на програмата

Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3). Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики.

Приоритетни области за проекти:

Заштита на животната средина и климатски промени;

Социјална инклузија и поддршка на ранливи групи;

Млади и младинско учество во заедницата;

Креативни уметности и културен развој;

Kој може да аплицира

Јавниот повик е отворен за сите граѓански организации кои се формално регистрирани во Република Северна Македонија согласно со важечката законска регулатива (Закон за здруженија и фондации). Граѓански организациии регистрирани на територијата на општина Аеродром се водечки организации, а ГОи регистрирани во другите општини од земјата можат да учествуваат на овој повик само доколку аплицираат во партнерство со ГОи регистрирани на територијата на општина Аеродром.

Кој може да биде партнер

Ако проектот вклучува повеќе од една ГО, потребно е да се приложи потпишана и со печат заверена Изјава за партнерство.

Буџетска рамка во DEN (MKD)

Min: 150000

Max: 1537000

Кофинансирање

%

Време за имплементација

4-12 месеци

Линк до документ

Линк до повикот