Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани за 2025 година

Рок за аплицирање

17/02/2025 14:00

Извор на финансирање

Општина Делчево

Име на програмата

Цели на програмата

Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2025 година кои се наменети зa финансиска помош  на здруженија на граѓани согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018), согласно Програмата за активностите на Општина Делчево за поддршка на граѓанскиот сектор во 2025 година(Службен гласник на Општина Делчево бр.1/2025) и согласно утврдените критериуми објавени во овој повик.

Kој може да аплицира

  1. Право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои ги исполнуваат следните општи услови:
  • Да се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации најмалку 2 години пред објавувањето на повикот;
  • Да дејствуваат на територија на Општина Делчево.
  • Општи критериуми кои треба да ги исполнуваат граѓанските здруженија кои ќе се пријава на овој повик се:
    • Предлог проектите и програмите да кореспондираат со целите утврдени во стратешките документи, програми и планови на општината;
    • Предлог проектите и програмите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области;
    • Доделените средства да се користат исклучително за намената за која се бараат и на начин определен во предлог-проектот и програмата.

Кој може да биде партнер

-//-

Буџетска рамка во DEN (MKD)
Min: 0
Max: 100000

Кофинансирање

0 %

Време за имплементација

до крајот на тековната година, односно до 31.12.2025 година

Линк до документ

Линк до повикот