Регионални експерти

Избраните експерти, како составен дел на Националната платформа на ГРЦ на поддржувачи на граѓанските организации, ќе обезбедуваат ресурси, насоки и поддршка на локално ниво, за подобрување на капацитетите на ГО во соодветните региони и пошироко. Тие ќе поттикнуваат соработка и вмрежување меѓу ГО како и со други засегнати страни и ќе го олеснуваат споделувањето на знаење и најдобри практики меѓу ГО.

Анита Гаговска, регионален експерт за Југозападен регион – [email protected]

Таа има повеќе од 18 години искуство во граѓанско општество, со фокус на Југозападниот и Пелагонискиот плански регион. Анита ќе обезбедува поддршка и ќе ги јакне граѓанските организации во следните области: социјалното претприемништво, дигиталната транзиција, генерирање на фондови, застапување и креирање политики, односи со јавност и видливост на граѓанските организации и квалитет на испорака на услуги.

Златко Талевски, регионален експерт за Пелагониски регион - [email protected]

Тој има повеќе од 20 години искуство во граѓанско општество, со фокус на Пелагонискиот плански регион. Златко ќе обезбедува поддршка и ќе ги јакне граѓанските организации во следните области: овозможувачка околина за развој на граѓанското општество, волонтерство, генерирање фондови, застапување и креирање политики, вмрежување и креирање партнерства и финансиски менаџмент на ГО.

Жаклина Цветковска

Жаклина Цветковска, регионален експерт за Североисточен регион [email protected]

Таа има над 25 години искуство во граѓанско општество како и над 30 години искуство со новинарство и медиуми. Дополнително, има околу 15 години искуство во спроведување обуки, фацилитирање и менторство во различни области како видливост и односи со јавноста, застапување и креирање политики како и секторите: локален економски развој и родови прашања.

Stole Georgiev

Столе Георгиев, регионален експерт за Југоисточен регион [email protected]

Столе има повеќе од 20 години искуство во областа на развој на граѓанското општество, локалниот и руралниот развој, стратешкото планирање и управувањето со проекти. Активно работи на јакнење на локалните капацитети, мобилизација на заедницата и развој на партнерства во Југоисточниот регион. Во текот на својата работа има реализирано бројни обуки, менторски сесии, локални иницијативи и проекти во областа на руралниот развој, заштита на животната средина, енергетска ефикасност, климатските политики и развојот на граѓанското општество.

Slika Gjorgji

Ѓорѓи Нанчев, регионален експерт за Вардарски регион [email protected]

Со повеќе од 20 години искуство во граѓанско општество, со фокус на секторите млади и локален економски развој, тој има особено има искуство во јакнење на други локални организации во секторот млади и воспоставување на младински центри на локално ниво. Има спроведено низа активности за градење капацитети на други организации и млади во областите: прибирање на средства, вмрежување и градење партнерства, организациско јакнење и застапување. Има солидно познавање на локалниот контекст и локалнтие организации во Вардарскиот плански регион и пошироко.