Втор повик за доделување на грантови – „Зелена младина, зелен раст – Акции за зелена трансформација“

Рок за аплицирање

08/06/2026 16:00

Извор на финансирање

European Union

Име на програмата

Зелена младина, зелен раст

Цели на програмата

Специфичната цел на овој повик е: зајакнати капацитети и зелени акции на локални граѓански организации за општествено-економски и еколошки развој и зголемена еколошка одговорност.

Kој може да аплицира

  • да биде правно лице,
  • да биде непрофитна организација,
  • да биде невладина организација,
  • да биде регистриран согласно Законот за здруженија и фондации,
  • да е основан, да има седиште и акцијата да ја спроведува локално во наведените општини и плански регион на кој припаѓа, и тоа:

o Општините Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница,

o Било кои општини од Југоисточниот плански регион,

o Било кои општини од Југозападниот плански регион,

o Било кои општини во Североисточниот плански регион.

  • да биде директно одговорен за подготовката и управувањето со акцијата.
  • да не е корисник на грант/подгрант/финансиска поддршка преку проект финансиран од преку Европската унија, грантова шема: EuropeAid/178565/DD/ACT/MK

Кој може да биде партнер

/

Буџетска рамка во DEN (MKD)

Min: 615000

Max: 922500

Кофинансирање

10 %

Време за имплементација

6 месеци

Линк до документ

Линк до повикот