ОГЛЕДАЛО на ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Одржливоста и кредибилитетот на секоја граѓанска организација зависат од степенот на нејзиното добро управување, транспарентност и отчетност. Организациите кои ги применуваат овие принципи уживаат поголема доверба од заедницата, донаторите и институциите, а со тоа го зголемуваат и своето општествено влијание.

Оваа алатка за самооценување е наменета за организациите како навигатор– не само за да проверат што е веќе воспоставено, туку и за да ги води низ процесот на подобрување на своите практики. Со нејзина помош организациите можат:

  • да направат самопроверка на постојните практики во своето работење;
  • да ги идентификуваат силните страни и областите каде што е потребно подобрување;
  • да добијат јасна слика за нивото на транспарентност, отчетност и добро управување,
  • да дефинираат приоритети и да побараат менторска поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар за понатамошен организациски развој.

Алатката е наменета за сите граѓански организации. Со користење на оваа алатка, организациите не само што ќе ја унапредат сопствената внатрешна култура на отчетност и интегритет, туку и ќе придонесат кон зајакнување на довербата во граѓанските организации.

За било какви прашања поврзани со самооценката, ве молиме обратете се на: [email protected].

Алатката се состои од три области, а во секоја област се наведени прашања. За секое прашање означете:

  • Да – целосно воспоставено
  • Делумно – има напредок, но потребни се подобрувања
  • Не – сè уште не е воспоставено
Вкупен број на самооценкиСредна оценка
4188.1