Поддршка за Златните Години

Во нашата заедница сè повеќе стари лица живеат во осаменост, без соодветна грижа и поддршка. Недостатокот од институционална нега, како и ограничените ресурси на семејствата, резултира со занемарување на физичките и емоционалните потреби на постарите лица. Во моментов, во општината нема функционален старечки дом, што значително ја ограничува можноста за пристојна нега и квалитетен живот во староста.

Иницијативата за застапување има за цел отворање на дом за стари лица  кој ќе обезбеди безбедно, хумано и социјално активно живеење за старите лица. Преку подигнување на свеста, соработка со локалната самоуправа и надлежните институции, иницијативата ќе бара обезбедување простор, финансиска поддршка и стручен кадар. Водена од принципите на достоинство, еднаквост и грижа, иницијативата има за цел да им обезбеди на највозрасните членови на општеството поддршка што ја заслужуваат.

Целта е да се обезбеди достоинствена старост и подобар квалитет на живот за највозрасните членови на заедницата.

Очекувани резултати, ефекти и/или влијанија од застапувањето:

  • Отворање на дом за стари  лица во општината кој ќе обезбеди 24 часовна соодветна грижа, сместување и поддршка за стари лица во ризик и без семејна поддршка.
  • Подигнување на јавната свест за потребите и правата на старите лица преку информирање и едукација на заедницата.
  • Поголема вклученост на локалната самоуправа и институциите во креирање и спроведување на политики за социјална заштита на постарите лица.
  • Намалување на социјалната изолација и занемарување на стари лица преку обезбедување безбедно и поддржувачко опкружување.
  • Отворање нови работни места за стручни кадри (негуватели, медицински персонал, социјални работници), што ќе придонесе и кон локалниот економски развој.
  • Подобрување на квалитетот на живот на старите лица преку организирани активности, здравствена нега и психосоцијална поддршка.

Очекувани ризици од/при застапувањето:

  • Отворање на дом за стари  лица во општината кој ќе обезбеди 24 часовна соодветна грижа, сместување и поддршка за стари лица во ризик и без семејна поддршка.
  • Подигнување на јавната свест за потребите и правата на старите лица преку информирање и едукација на заедницата.
  • Поголема вклученост на локалната самоуправа и институциите во креирање и спроведување на политики за социјална заштита на постарите лица.
  • Намалување на социјалната изолација и занемарување на стари лица преку обезбедување безбедно и поддржувачко опкружување.
  • Отворање нови работни места за стручни кадри (негуватели, медицински персонал, социјални работници), што ќе придонесе и кон локалниот економски развој.
  • Подобрување на квалитетот на живот на старите лица преку организирани активности, здравствена нега и психосоцијална поддршка.

Постигнати резултати, ефекти и/или влијанија од застапувањето:

  • Зголемена свест и поддршка од заедницата,

  • Остварена соработка со локалната самоуправа,

  • Формирање работна група,

  • Изготвен предлог-проект за дом за стари лица,

  • Вклучување на медиумите и зголемен јавен притисок

Предизвици со кои се соочивте со застапувањето:

  • Ниска заинтересираност од институциите,

  • Недостиг на финансиски средства,

  • Скептицизам од дел од заедницата,

  • Бавна администрација и бирократски процедури,

  • Ограничени ресурси и човечки капацитети,

  • Недостаток на податоци,

Потреба од друг вид на поддршка:

Да, експертска поддршка

Активности за спроведување на иницијативата за застапување:

Одржување на Отворен ден на кој беа присутни голем дел на пензионери и стари лица од Општина Гостивар, на отворениот ден пензионерите се дружеа и играа друштвени игри, им се мерење притисок и шеќер во крвта.
Исто така активните пензионери беа претставени со своите рачни изработки.

Направено истражување/анализа/документ за политики/студија на случај:

Мапирање на повеќе од 100 лица на територијата на Општина Гостивар.

Прикачени документи:

https://rcgo.mk/wp-content/uploads/2025/10/dokument-za-javni-politiki_stari-lica_socio_june-2025-1.docx

Линк до документ:

https://gostivarpress.mk/otvoren-den-vo-gradskiot-park-vo-gostivar-aktivnosti-i-soveti-za-podobar-zhivot-na-starite-licza/

Спроведени состаноци/настани/интервјуа/фокус групи:

Форум за претставување на потребите на старите лица (присутни околу 50 лица);
Консултативен состанок (присутни околу 30 лица);
Обука за застапување во Маврово (присутни околу 20 лица)

Иницирани коалиции/мрежи/платформи:

Здружение на пензионери, Црвен Крст, Центар за социјална работа и граѓански организации.

Петиции, писма за поддршка, средби и други настани за мобилизирање на заедницата:

Петиции и јавен документ до Општина Гостивар.

Спроведени јавни кампањи:

Отворен ден во Градски парк во Гостивар на 25.08.2025

Медиумска покриеност:

https://gostivarpress.mk/otvoren-den-vo-gradskiot-park-vo-gostivar-aktivnosti-i-soveti-za-podobar-zhivot-na-starite-licza/

Едукација и градење капацитети:

Форум за претставување на потребите на старите лица (присутни околу 50 лица);
Консултативен состанок (присутни околу 30 лица);
Обука за застапување во Маврово (присутни околу 20 лица)

Дисеминација на информации:

Летоци и публикација од мапирањето на потребите на старите лица.

Што било успешно, а што неуспешно направено со спроведувањето на иницијативата за застапување

Успешна беше цела иницијатива, што до крај на проектот се одвиваше се како што треба, учесниците односно старите лица беа задоволни што некој се сетил на нив и од целокупната иницијатива и реализација.
Исто така беше успешно што се слушна нивниот глас и нивните барања и што дел од нив се реализираа.

Научени лекции (вклучително и “тесни грла“) од иницијативата за застапување

Секогаш треба потребите јавно и гласно да се искажат и да се достават до надлежните органи и институции.

Препораки

По завршувањето на проектот, постигнати се значајни промени и резултати според предвидените цели:

- Зголемена информираност и вклученост
- Подобрување на услуги

Резултатите од проектот беа прифатени со големо задоволство од страна на целните групи, кои јасно го препознаа влијанието врз нивниот секојдневен живот и мотивацијата за понатамошно учество.

Кои последователни активности се потребни за иницијативата

Да се продолжи со овие активности за застапување на старите лица од страна на невладиниот сектор, Општината и Центарот за социјална работа.

Финансиски средства (или друг вид на поддршка) потребни за последователните активности:

900.000 денари

Организација/мрежа која ја предводи иницијативата:

Здружение за обезбедување социјалн услуги- ,,СОЦИО", Гостивар

Други граѓански организации/мрежи вклучени во иницијативата:

Здружението за култура, спорт и образование- ,,АНИСИЈА”, Гостивар

Граѓански организации

Други чинители вклучени во иницијативата за застапување:

Општина, Локални медиуми и новинари – кои ги следат и информираат граѓаните за напредокот на иницијативата.

Цел(и) на иницијативата за застапување:

Застапување за подобрување на обезбедувањето услуги (подобрување на пристапот до основните услуги, подобрување на квалитетот, еднаков пристап до услугите и сл.)

Друга цел:

Главна тематска област на која се однесува иницијативата за застапување:

Друго

Друга област:

Социјална заштита и грижа за стари лица

Локација и ниво на интервенцијата:

Општина Гостивар

Ниво на интервенцијата:

локално

Почеток:

01/01/2025

Крај на иницијативата:

Целни групи кон кои се насочени активностите за застапување:

Стари лица – особено оние кои живеат сами или без соодветна грижа и оние кои ќе изразат желба за сместување во дом за стари лица.

Локална самоуправа – градоначалник, општински совет и одделенија за социјална заштита, како носители на одлуки и можни финансиери.

Центар за социјална работа – како надлежна институција за проценка и упатување на стари лица во потреба.

Министерство за труд и социјална политика – за поддршка, одобрување и вклучување на домот во националната мрежа на социјални услуги.

Невладини организации и здруженија на пензионери – како партнери во застапувањето и потенцијални соработници во спроведувањето на активностите.

Широката јавност/граѓани – за поддршка на иницијативата, учество во јавни дебати и создавање на позитивно мислење за грижата кон старите лица.

Медиуми – за информирање, подигнување свест и создавање јавен притисок врз институциите.

Корисници кои ќе имаат корист од иницијативата за застапување:

Постари лица со здравствени проблеми, лица со потешкотии во одржување на секојдневни активности и нивните семејства.

Обезбедени финансиски средства: (во МКД)

614.420

Донатор/извор на финансирање

Граѓански Ресурсен Центар,
ЕУ

Други потребни финансиски средства:

900.000

Лице за контакт:

Марија Дробњак

Телефон:

077995771

Е-маил:

[email protected]