Глеаме све! – Транспарентност и отчетност на локалните власти

Во Општина Струга, работата на Комисијата за односи меѓу заедниците е недоволно дефинирана и без суштинско влијание врз креирањето и следењето на политики поврзани со етничките заедници. Комисијата нема усвоен деловник за работа, ниту јасно определени надлежности, што резултира со формално постоење, но реална нефункционалност. Во општинската администрација не постои систематизирано работно место задолжено за соработка со помалите етнички заедници, што дополнително ја засилува нивната маргинализација. Недостасува воспоставен и двонасочен комуникациски механизам меѓу Комисијата, Советот и извршната власт на општината, а нема и локална стратегија за заедниците која би ги насочувала институционалните одговори на нивните потреби.

Оваа иницијатива има за цел да поттикне институционално зајакнување на Комисијата преку:

  • донесување деловник за работа;
  • дефинирање на надлежности;
  • воспоставување канал на комуникација со општината;
  • иницирање систематизирана позиција за координатор за етнички заедници;
  • развој на стратегија за интеретничка кохезија и инклузија.

Очекувани резултати, ефекти и/или влијанија од застапувањето:

Очекуваните резултати од иницијативата вклучуваат институционализирање на улогата и работата на Комисијата за односи меѓу заедниците преку усвојување на Деловник за работа, со јасно дефинирани надлежности, механизми за одлучување и обврска за доставување мислења до Советот на Општината и Градоначалникот. Дополнително, се очекува воспоставување на комуникациски канал меѓу Комисијата и општинските тела, што ќе овозможи навремено идентификување и адресирање на проблемите и потребите на различните етнички заедници.

Како долгорочен ефект, се предвидува зголемена вклученост и застапеност на малцинските етнички групи во креирањето на локалните политики, зајакнување на довербата меѓу заедниците и институциите, и развој на стратегија за интеркултурен дијалог и социјална кохезија. Иницијативата, исто така, ќе придонесе за зголемена отчетност, транспарентност и еднаков третман на сите граѓани во Општина Струга, согласно принципите на добро управување.

 

Очекувани ризици од/при застапувањето:

Очекуваните резултати од иницијативата вклучуваат институционализирање на улогата и работата на Комисијата за односи меѓу заедниците преку усвојување на Деловник за работа, со јасно дефинирани надлежности, механизми за одлучување и обврска за доставување мислења до Советот на Општината и Градоначалникот. Дополнително, се очекува воспоставување на комуникациски канал меѓу Комисијата и општинските тела, што ќе овозможи навремено идентификување и адресирање на проблемите и потребите на различните етнички заедници.

Како долгорочен ефект, се предвидува зголемена вклученост и застапеност на малцинските етнички групи во креирањето на локалните политики, зајакнување на довербата меѓу заедниците и институциите, и развој на стратегија за интеркултурен дијалог и социјална кохезија. Иницијативата, исто така, ќе придонесе за зголемена отчетност, транспарентност и еднаков третман на сите граѓани во Општина Струга, согласно принципите на добро управување.

 

Постигнати резултати, ефекти и/или влијанија од застапувањето:

Предизвици со кои се соочивте со застапувањето:

  • Нередовно одржување на седниците;
  • Недоволен пристап до информации од страна на Општината и Советот;
  • Лоши технички услови за одржување на седниците;
  • Ненавремено закажување на седниците и известување на јавноста;

Потреба од друг вид на поддршка:

/

Активности за спроведување на иницијативата за застапување:

/

Направено истражување/анализа/документ за политики/студија на случај:

Ќе биде подготвен policy-paper и официјален документ со предлози до советниците

Прикачени документи:

Линк до документ:

Спроведени состаноци/настани/интервјуа/фокус групи:

1. Мониторинг на седниците на Советот на о. Струга во периодот март-септември 2025;
2. Средба со претседателката на Советот на о. Струга, Арбреша Влаши;
3. Средба со Координаторката за еднакви можности при о. Струга, Билјана Спасеска;
4. Средба со претставници од Комисијата за еднакви можности при Советот на о. Струга;

Иницирани коалиции/мрежи/платформи:

/

Петиции, писма за поддршка, средби и други настани за мобилизирање на заедницата:

/

Спроведени јавни кампањи:

Редовно објавување на наодите од истражувањето на социјалните мрежи на ЗРА „Аква“

Медиумска покриеност:

/

Едукација и градење капацитети:

/

Дисеминација на информации:

/

Што било успешно, а што неуспешно направено со спроведувањето на иницијативата за застапување

/

Научени лекции (вклучително и “тесни грла“) од иницијативата за застапување

/

Препораки

/

Кои последователни активности се потребни за иницијативата

Промоција на наодите од истражувањето;
Подготовка на policy paper;
Споделување на препораките со Советот и о. Струга;
Потпишување на меморандум за разбирање со новиот состав на советот;

Финансиски средства (или друг вид на поддршка) потребни за последователните активности:

/

Организација/мрежа која ја предводи иницијативата:

ЗРА „Аква“ Струга, Здружение за афирмација на културата „Багер Генезис 2.0“ Струга

Други граѓански организации/мрежи вклучени во иницијативата:

Багер Генезис 2.0

Други чинители вклучени во иницијативата за застапување:

Општина Струга, Совет на општина Струга

Цел(и) на иницијативата за застапување:

Застапување за промена на политика или законска рамка (влијание врз измена, воведување или укинување на политики и одлуки на локално или централно ниво, закони и регулативи за решавање на општествени прашања или подобрување на животот на заедницата, итн.), Застапување за спроведување на обврските на локалните или централните власти (следење на имплементацијата на обврските преземени од страна на локалните или централните власти, институциите или другите засегнати страни, барање одговорност за дадените ветувања; обезбедување дека постојните политики и обврски се спроведуваат како што е предвидено, итн.), Застапување за подобрување на обезбедувањето услуги (подобрување на пристапот до основните услуги, подобрување на квалитетот, еднаков пристап до услугите и сл.), Застапување за распределба на ресурси (зголемено финансирање или ресурси за специфични програми, услуги или проекти за справување со итни социјални, економски или еколошки потреби и сл.), Застапување за добро управување, отчетност и транспарентност (барање одговорност од властите на локално и централно ниво, институциите, корпорациите или другите чинители за нивните постапки или одлуки, истакнување на важноста на транспарентноста и доброто управување, итн.), Подигнување на свеста, едукација и промена на однесувањето (подигнување на свеста и едукација на јавноста, креаторите на политики и засегнатите страни за одредено прашање, кампањи за застапување кои имаат за цел да го променат однесувањето или ставовите на јавноста, промена на однесувањето на државните институции и сите други засегнати страни и сл.)

Друга цел:

Главна тематска област на која се однесува иницијативата за застапување:

Демократија и владеење на правото

Друга област:

Локација и ниво на интервенцијата:

Струга

Ниво на интервенцијата:

локално

Почеток:

01/03/2025

Крај на иницијативата:

30/09/2025

Целни групи кон кои се насочени активностите за застапување:

• Членови на Советот на Општина Струга, особено оние што се дел од Комисијата за односи меѓу заедниците – со цел зголемување на нивната активна улога и разбирање на значењето на деловникот и функционалната рамка.
• Градоначалникот и општинската администрација, со фокус на службите за соработка со заедниците и локален развој – со цел поттикнување на институционална поддршка за систематизација на позиција и формализација на улогата на Комисијата.
• Претставници на етничките заедници во Струга, особено помалите и маргинализираните – како носители на интерес и партнери во формулирање на предлози, застапување и следење на имплементацијата.
• Граѓански организации и локални иницијативи, кои работат во областа на човекови права, демократија, меѓуетничка кохезија и локална самоуправа – како сојузници и засилувачи на јавниот притисок и легитимитетот на иницијативата.
• Медиуми и јавноста, како важни канали за информирање, транспарентност и создавање поддршка за промените.

Корисници кои ќе имаат корист од иницијативата за застапување:

• Етничките заедници во Општина Струга, особено помалите и недоволно застапените, кои ќе добијат поголема видливост, застапеност и пристап до механизмите за учество во донесувањето одлуки.
• Општинската Комисија за односи меѓу заедниците, која ќе добие јасно дефинирана улога, структуриран начин на работа и формализирана комуникација со институциите, што ќе ја зголеми нејзината ефикасност и влијание.
• Општинската администрација, која ќе добие координиран механизам за комуникација со сите заедници, како и дополнителни алатки за инклузивно управување и поддршка на социјална кохезија.
• Советот на Општина Струга, преку добивање структурирани предлози и мислења од Комисијата што ќе овозможат информирано носење на одлуки.
• Граѓаните на Струга, преку унапредена транспарентност, еднаков третман и засилено чувство на припадност и учество во локалната заедница.

Обезбедени финансиски средства: (во МКД)

614.380

Донатор/извор на финансирање

Граѓански ресурсен центар

Други потребни финансиски средства:

Лице за контакт:

Ана Наумоска

Телефон:

078322676

Е-маил:

[email protected]