fbpx

Обука за дигитална трансформација на граѓанските организации

Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да ги разберат основите на дигиталната трансформација, нејзината важност за модерното работење и како истата може да се примени за зголемена ефикасност, поголемо влијание и одржлив раст. Учесниците ќе научат како да ги користат дигиталните алатки за внатрешна ефикасност, надворешно ангажирање, и да развијат стратегии за реконструкција на тимовите и човечките ресурси.

Анита Гаговска

Анита Гаговска

Обучувач

Што ќе научиш преку онлајн обука?

Како дигиталната трансформација може да ја зголеми ефикасноста на внатрешните процеси и тимската координација

Кои дигитални алатки се најпогодни за управување со проекти, тимови, и податоци во граѓанските организации

Како да се создадат стратегии за фандрејсинг и застапување засновани на дигитални решенија

За кого е наменета оваа обука?

Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации 

Потребни предзнаења

За учество во оваа обука не се потребни предзнаења

ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL

Откако ќе се регистрираш, предавањата и материјалите од обуката ги добиваш по e-mail

ВИДЕО ЛЕКЦИИ

Предавањата се во видео формат, секое во времетраење од околу 15-20 минути

ВРЕМЕТРАЊЕ

Онлајн обуката се состои од 5 модули распределени во 2 недели, добиваш нов модул секој втор ден

ИНТЕРАКЦИЈА

Провери го наученото преку квизови и вклучи се во дискусија со другите учесници

Кои се темите кои се изучуваат на обуката

модул 1

Зошто е потребна дигиталната трансформација за граѓанските организации

МОДУЛ 2

Пат кон поголема ефикасност и влијание – Дигитална трансформација насочена кон внатре

МОДУЛ 3

Поврзување на иновациите со импактот – Дигитална трансформација насочена кон надвор

МОДУЛ 4

Поврзување на внатрешните капацитети и надворешното влијание – Двонасочен модел на дигиталната трансформација

МОДУЛ 5

Реконструкција на тимот и адаптација на човечките ресурси за дигитална трансформација

Обучувач: Анита Гаговска

Aнита Гаговска има над 19 години искуство во граѓанскиот сектор, како извршен директор на организацијата Нови Генерации Социјални Иноватори за Инклузија Порака Нова, преку која активно работи на развивање на дигитални социјални иновации за инклузија, создавајќи одржливи решенија за подобрување на пристапноста и видливоста на маргинализираните заедници.

Преку иницијативи како мрежата за социјална иновација (СИНет), и проектите за социјален импакт преку дигитално застапување, активно придонесува за модернизација на граѓанските организации. Таа е лидер на интернационалниот проект mPreneur, каде што организира хакатони за дигитални социјални решенија, обединувајќи млади социјални претприемачи од Европа, Азија и Африка.

Како обучувач и консултант, таа има долгогодишно искуство во испорака на обуки и менторска поддршка во дигитална трансформација, дигитален маркетинг, прибирање средства и застапување.

Анита е автор на „Прирачникот со дигитални алатки за граѓански организации“ и води блог посветен на модернизација на непрофитниот сектор преку дигитални иновации.

Нејзината мисија е да создаде граѓански организации подготвени за иднината, опремени со иновации и алатки кои ќе го зголемат нивниот опсег, ефективност и инклузивност во дигиталната ера.