fbpx

Покана за учество на дебата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество”

27 Авг 2024

Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на дебатата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество“, која ќе се одржи на 4 септември 2024 година (среда) со почеток од 10 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје.

Развиено граѓанското општество придонесува за зајакнувањето на демократските вредности и ја поттикнува граѓанската свест. За да можат граѓанските организации да одговорат ефикасно на општествените предизвици и потребите на граѓаните, потребна е функционална соработка со Владата и институциите. Во тек е спроведување на четвртата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество (2022-2024), која треба да обезбеди поттикнувачка и одржлива околина за непречено функционирање и независно делување на граѓанските организации. Само ваквите организации придонесуваат во зајакнување на демократското управување, ги рефлектираат интересите и потребите на граѓаните и се вклучуваат во структурниот дијалог.

Со овој настан би поттикнале дискусија и за спроведувањето на Стратегијата, функционирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, државното финансирање за граѓанските организации и низа други релевантни прашања. Заклучоците од дебатата ќе се фокусираат на следните потребни чекори и активности важни за зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанските организации.

На дебатата се поканети претставници од граѓанските организации, државните институции, донаторската заедница и други релевантни чинители.

Агенда за настанот

9:45/10:00Регистрација на учесници
10:00/10:20Отворање на настанот
Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија
– Игор Јанушев – Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија
Андриана Матлиоска, Државен секретар, Министерство за финансии (да се потврди)
10:20/11:00Овозможувачката средина за развој на граѓанското општество – моментална состојба и идни чекори
Сузана Никодиевиќ-Филиповска, Раководител на Сектор за анализа на политиките и координација, Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Зоран Илиески, поранешен член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
Валентина Величковска, извршна директорка, Граѓански ресурсен центар
Фацилитатор: Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија
11:00/11:45Дискусија
11:45–Коктел
АГЕНДА

Пријави се за учество на дебатата

Пријава за учество на настан

Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на проектот е зголемен капацитет и отпорност на граѓанските организации за тие да бидат компетентни, ефективни и отчетни независни чинители и околина која е погодна за граѓанското општество.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...