fbpx

Обука за Стратешко планирање за граѓанските организации

Стратешкото планирање придонесува кон одржливост и развој на граѓанските организации. Стратешкото планирање е основно во процесот на одлучување за тоа каде организацијата сака да се најде себе си во иднина и како ќе стаса таму. Затоа, тоа започнува со Анализа на состојбата која дава прецизна и јасна слика во која се наоѓа организацијата и служи како основа од која организацијата тргнува кон нејзината посакувана состојба.

Обуката ќе ви овозможи да стекнете знаење и вештини за спроведување на квалитетен процес на стратешко планирање и да ја зајакнете свеста  за потребата од стратешко размислување и постојано прилагодување кон промените.

Валентина Чичева

Валентина Чичева

Обучувач

Што ќе научиш преку онлајн обука?

Кои се основните принципи кои треба да ги почитувате за да направите квалитетна Анализа на состојбите на вашата организација?

Кои методи и алатки можете да ги користите?

Како да формулирате Визија, Мисија и Стратешки приоритети?

За кого е наменета оваа обука?

Обуката е наменета за претставници на граѓанските организации 

Потребни предзнаења

За учество во оваа обука не се потребни предзнаења

ЛЕКЦИИ ПО E-MAIL

Откако ќе се регистрираш, предавањата и материјалите од обуката ги добиваш по e-mail

ВИДЕО ЛЕКЦИИ

Предавањата се во видео формат, секое во времетраење од околу 20 минути

ВРЕМЕТРАЊЕ

Онлајн обуката се состои од 3 модули распределени во 1 недела, добиваш нов модул секој втор ден

ИНТЕРАКЦИЈА

Провери го наученото преку квизови и вклучи се во дискусија со другите учесници

Кои се темите кои се изучуваат на обуката

модул 1

  • Концепт и рамка
  • Критериуми за ефективно планирање и ефективни планови
  • Што треба да содржи Стратешкиот план?

МОДУЛ 2

  • Анализа на состојбите
  • Видови на анализа и алатки
  • SWOT анализа, 5 C (Ц) Анализа, VRIO Анализа, 5-те сили на Портер
  • Принципи за анализа

МОДУЛ 3

  • Визија и мисија
  • Прашања на кои одговара мисијата
  • Прашања при формулирање на мисијата
  • Примери на визија и мисија

Обучувач: Валентина Чичева

Валентина Чичева има над 30 годишно професионално искуство во областа на развој на граѓанското општество работејќи како проектен соработник, координатор и консултант на повеќе програми и проекти насочени кон дизајнирање, развој и спроведување на програми за градење капацитет и обука за ГО, вклучувајќи оценка на потреби, развој на планови за градење капацитет, дизајнирање и спроведување обуки, менторска поддршка и фацилитирање на процеси на организациски развој и институционално јакнење. Клучни области на нејзината експертиза се проектен менаџмент, стратешки менаџмент и стратешко планирање, институционален развој и организациско јакнење, раководење со човечки ресурси, вештини за фацилитација, обука за обучувачи, административно и канцелариско работење. Таа има искуство во обука на различни целни групи и е вешта во употребата на различни обучувачки и презентациски техники со кои обезбедува вклучување на учесниците во процесот на учење.