Самооценка на комуникациските практики на граѓанските организации

ИНСТРУМЕНТ ЗА САМООЦЕНКА НА КОМУНИКАЦИСКИТЕ ПРАКТИКИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Ве покануваме да ја пополните алатката за самооценка на комуникациските практики на граѓанските организации. Ова не е обична анкета. Секое прашање нуди пет описи на практика, од почетно до напредно ниво, па уште додека одговарате ќе видите каде се наоѓа вашата организација и како изгледа следното ниво. Можеби ќе откриете и практики за кои досега не сте размислувале.

Целта е да се добие реална слика за тоа како граѓанските организации ги планираат, спроведуваат и следат своите комуникации, со какви ресурси располагаат и со кои предизвици се соочуваат.

Прашалникот содржи основни податоци за организацијата и осум тематски категории со по пет прашања. Пополнувањето трае приближно 20 минути. Полињата за образложение не се задолжителни, но вашите описи на практиките и предизвиците се особено вредни за анализата.

Како да одговарате:

  • За секое прашање се понудени пет описи на практика, со вредност од 1 до 5. Описите се надоврзуваат: повисокото ниво ги подразбира елементите од пониските. Изберете го описот што најточно ја опишува сегашната практика на вашата организација, а не посакуваната или планираната.
  • Ако практиката е помеѓу два описа, изберете го пониското ниво.
  • Не постојат точни и погрешни одговори. Ниската оценка не значи дека организацијата работи лошо: многу организации работат со ограничени ресурси, а токму тоа сакаме да го документираме.
  • Под прашањата има дополнително поле за опис преку коментар. Тие полиња не влијаат врз оценката.
  • Препорачуваме прашалникот да го пополни лицето што е најзапознаено со комуникациите на организацијата, по можност во консултација со раководството.
  • Кај дел од прашањата, во зависност од одговорот, некои следни прашања автоматски ќе се прескокнат.

Пред да започнете, ве молиме прочитајте ги следниве информации:

  • Учеството е доброволно. Можете да прекинете во секој момент без никакви последици.
  • Резултатите ќе се објавуваат само во збирна форма без да се открие името на организацијата.