🌟 Дали сте посветени активисти, членови или вработени во граѓанска организација, која неуморно работи на позитивни промени во заедницата? Ги разбираме специфичните предизвици со кои се соочувате, а нашите советодавни услуги постојано ви се на располагање за да ја поддржат вашата мисија преку персонализирана поддршка, конкретни насоки и совети.
🛡️ Зошто да побарате поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар? 🛡️
👨💼 Експертиза: Нашите посветени експерти со долгогодишно искуство во граѓанско општество се добро упатени во предизвици со кои се соочуваат локалните организации. Тие ќе ви обезбедат високо ниво на услуга. Побарајте не, заедно да ја зајакнеме вашата организација што ќе ви помогнем да направите уште позначајна разлика во заедницата.
🌐Сеопфатна поддршка: Нашиот тим ви нуди поддршка за: управување со граѓанска организација и организациски развој; законска рамка за граѓански организации; финансирање и финансиски можности за граѓанските организации; административно и финансиско работење на граѓанските организации; вмрежување и градење партнерства; видливост на организациите, односи со јавноста и социјални медиуми; односи институции и граѓански организации; политики на ЕУ и други донатори поврзани со граѓанско општество; и други теми релевантни за работењето на граѓанските организации.
💼 Прилагодени решенија: Ги препознаваме уникатните барања на локалните организации и нудиме персонализирана поддршка прилагодена на вашите специфични цели и предизвици.
🚀 Подобрување на ефикасноста: Со помошта на ГРЦ поефикасно ќе се справите со секојдневните предизвици во работењето што ќе ви овзможи да се фокусирате на потребите на заедницата, да го засилите влијанието и досегот.
📞 Достапност: Можеме да ви понудиме редовна поддршка затоа што знаеме дека предизвиците можат да се појават во секое време. Без разлика дали работите од канцеларија или од далечина, нашите услуги се приспособливи на вашата работна средина. Достапни преку е-маил, телефон или директни средби.
Побарајте не на телефон 072-248-476, испратете ни е-маил на info@rcgo.mk, пополнете го онлајн барањето на https://rcgo.mk/soveti-i-konsultacii/ или посетете не во нашите канцеларии на:
Ресурсен центар – Штип
Петта партиска конференција бб
(Мултимедијален центар Канал 77),
3 кат, 2000 Штип
е-Пошта: info.st@rcgo.mk
📞 Побарајте поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар и подобрете го функционирањето на вашата организација. Заедно, да изградиме посилна, подобра заедница.