fbpx

За речиси две третини од предлог-законите нема консултативен процес на ЕНЕР

17 Мај 2023

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) го објавија извештајот „Огледало на Владата“ за 2022 година во кој се следи и анализира Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk ).

Во 2022 година 37% од предлог-законите усвоени на Влада и доставени до Собрание биле објавени на ЕНЕР. Со Извештајот се констатира влошена состојбата во споредба со претходните години (41% во 2021г. и 49,6% во 2019г.). Министерствата не ги објавуваат поголемиот дел од предлог-законите на ЕНЕР. Во 2022 година Владата поднела вкупно 65 предлог-закони до Собранието за кои што имала обврска да ги стави на ЕНЕР. За 24 од нив (37%) претходно бил објавен текстот на нацрт-законот на ЕНЕР. Заради ова, на јавноста и била скратена можноста да се информира за содржината на предлог-законите.  Што се однесува до минималниот периодот за коментирање од 20 дена, тој е испочитуван од министерствата за сите 24 предлог-закони. 

За жал, намален е и интересот на јавноста за коментирање на ЕНЕР. Граѓаните минимално го користат ЕНЕР за да ги кажат своите мислења за предлог-законските решенија во рана фаза на подготовка. Поставени се 112 коментари за 23 од вкупно 39 предлог-закони објавени на ЕНЕР во 2022г. Најмногу коментари, вкупно 18, беа оставени за Предлог-законот за критична инфраструктура. По 11 коментари има за: Предлог на кривичниот законик;  Предлог – закон за изменување и дополнување на законот за безбедност на храната и Предлог-закон за изменување и дополнување на законот за земјоделското земјиште. Прашање за подлабока анализа е дали причината за намалениот интерес на граѓаните е резултат на недостатокот на повратни одговори од министерствата на коментарите на граѓаните. Во периодот на следење, министерствата објавиле 36 повратни одговори на ЕНЕР на вкупно 112 поставени коментари (32%) од граѓаните и граѓанските организации. Повеќе од половина од дадените одговори од министерствата (28) се дадени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на петте предлог-закони ставени на ЕНЕР од ова министерство.

Алармантни се и резултатите кои покажуваат заобиколување на консултативниот процес преку изборот на предлагачи. Вкупно 86 од предложените 191 закон (45%) се на предлог на пратениците. Собранието на Република Северна Македонија не спроведува консултативен процес за предлог-закони кои се на предлог на пратеници и овластени предлагачи на закони. Така, за значаен процент од предлог-законите се оневозможуваат консултациите со засегнатите страни и подлежат исклучиво на законодавна постапка за донесување на закони. Имајќи го предвид ова, закони кои се од суштинско значење за правното опкружување може да бидат изгласани без јавноста да биде консултирана.

МЦМС веќе 10 години ја следи отвореноста на процесите на подготовка на закони. Подготовката на овој Извештај е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ кој е финансиран од Европската Унија. Покрај годишните извештаи, редовно се објавуваат и недел-ни и месечни прегледи. Целта е да се подобри информираноста на граѓаните и граѓанските организации и да се поттикнат да учествуваат во раните фази на подготовката на законите.

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...