fbpx

Силни граѓанските организации можат да придонесат во процесот на преговори

6 Апр 2023

„Граѓанските организации ќе служат како мост помеѓу институциите на Европската Унија, националните власти и граѓаните во извршувањето, притисокот за промени, спроведувањето на теоретскиот дел во пракса и внимателно следење на процесот, напредокот, обезбедување на експертиза и објаснување на сето тоа на граѓаните“ – изјави Штефен Худолин, раководител за соработка при Европската Унија во Скопје, на консултациите за програмирање на ИПА III – Инструмент за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2024-2025 година. Тој истакна дека улогата на граѓанското општество ќе биде се поважна во следните месеци во процесот на пристапни преговори. Овој настан го организираше Граѓанскиот ресурсен центар на 4 април 2023 година, онлајн преку платформата Зум.

Ирена Иванова од Делегацијата на ЕУ ја презентираше програмата, и потенцира  дека нејзината главна цел е да ја зајаке вклученоста на граѓанското општество и медиумите во креирањето политики и донесувањето одлуки, во подобрување на  граѓанскиот структурен дијалог, вклученост во реформите и во преговорите на државата  со ЕУ. Програмирањето се заснова на Насоките на ЕУ за поддршка на граѓанското општество во земјите на проширувањето (2021-2027) и Владината стратегија за соработка со граѓанското општество 2022-2024 година. Вкупниот алоциран буџет за овој програмски период изнесува 6 милиони евра, кои ќе бидат распределени преку акциски и и оперативни грантови, техничка помош и продолжување на механизмот за граѓанска отпорност (директна поддршка за локалните организации).

Во дискусијата што се отвори, граѓанските организации покренаа прашања во врска со механизмите за поддршка на мрежите и секторското вмрежување, како и поддршката за одредени области од работењето на ГО и областите на правото на ЕУ. ЗФокусот беше ставен на процесот на преговори со ЕУ и улогата на ГО и моделот на вклучување на ГО во овој процес, како и поддршката на ЕУ за зајакнување на ГО за да бидат поефикасни во овој процес. Беше предложено да се воведе посебен механизам за поддршка на малите локални организации наместо да се наметнуваат шемите за регрантирање на поголемите организации на сите повици на ЕУ.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...