fbpx

Работилница за дигитална трансформација на граѓанските организации

2 Дек 2024

Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на работилница за дигитална трансформација на граѓанските организации што ќе се оддржи на 12-13 декември 2024 во Охрид.

Оваа обука ќе им помогне на граѓанските организации да ги разберат основите на дигиталната трансформација, нејзината важност за модерното работење и како истата може да се примени за зголемена ефикасност, поголемо влијание и одржлив раст на граѓанските организации.

Што ќе научиш на оваа работилница?

  • Како дигиталната трансформација може да ја зголеми ефикасноста на внатрешните процеси и тимската координација
  • Кои дигитални алатки се најпогодни за управување со проекти, тимови и податоци во граѓанските организации
  • Како да се создадат стратегии за фандрејсинг и застапување засновани на дигитални решенија
  • Клучни техники за редефинирање на тимските улоги и адаптирање на човечките ресурси за успешно воведување на дигитални иновации.

По завршување на работилницата, ќе следат последователни менторски активности со обучените организации за да се поддржи дигиталната трансформација на нивната организација!

Што е обезбедено?

Организаторот ги покрива сите трошоци за работилницата, поврзани со сместување, патување (во висина на автобуски билет) и работни материјали.

Пријавуањето е завршено.
Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...