fbpx

Прилепските организации дискутираа за Советот за соработка

7 Јун 2019

Средбата на Мобилниот ресурсен центар во Прилеп помина во знакот на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. Настанот се организираше во соработка со Коалицијата на младински организации СЕГА и се одржа во нивните простории.

Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција СЕГА и член на Советот, пред учесниците ja презентираше неговата важност, функционирањето и составот. Тој ги повика локаните организации да го контактираат доколку имаат иницијативи или прашања кои што треба да се покренат на повисоко ниво за тој да може соодветно да ги  изнесе на седница на Советот.

Во дискусијата беше потенцирано дека организациите се многу поактивни во Скопје, а локалните здруженија се најчесто слабо активни и недоволно развиени, што спречува да се пренесат локалните проблеми и предизвици до надлежните.

Учесниците истакнаа дека општината вообичаено во февруари секоја година има повик за доделување на средства за граѓанските организации во висина помеѓу 500 и 1000 евра. Ова е практика на сите општини во земјата, меѓутоа преку симболичните суми не може да се очекува да се постигнуваат вистински ефективни промени. Некои организации го истакнаа и проблемот на доцнење во исплатата или пак неисплаќање на овие средства на организациите кои што веќе ги спровеле предвидените активности.

По средбата со граѓанските организации, тимот на Граѓанскиот ресурсен центар имаше состанок и со претставници од Одделението за локален економски развој и прекугранична соработка при општина Прилеп. На овој состанок, од Општината информираа дека се доделуваат финансиски средства на околу 100 баратели (спортски клубови, културно-уметнички друштва и здруженија)на годишно ниво . Висината на овие средства е различна, но не преминува износ од 2.000 евра. Исплаќањето на средствата се врши тековно/фазно во зависност од расположливите средства на Општината.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...