fbpx

Предизвиците на локалните организации во  Македонски Брод

7 Дек 2023

На 1 декември 2023 година, локалните организации и активистите од општина Македонски Брод се информираа за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар, ЕУ агендата и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво. Посетата беше спроведена во рамки на Мобилниот ресурсен центар чија цел е Граѓанскиот ресурсен центар да се доближи до локалните организации во различните општини и региони и да поразговара за потребите и предизвиците со кои се соочуваат организациите во своето работење.  

„Премногу сме задоволни што Граѓанскиот ресурсен центар ни ја нуди потребната поддршка, што нас како млада организација ни е повеќе и од потребна. Најмногу не заинтересираа обуките кои ги нудите во рамките на овој проект, како што се обуки за стратешко планирање, финансиско работење, отчетност и транспарентност, пишување на проекти.” – изјави Магдалена Здравеска од  

Здружението за локален развој ЛОКАЛ АКТ Македонски Брод.

Организациите го споделија проблемот со регистрирањето на вистински сопственик и фактот дека релевантните институции не ги направиле соодветните напори за да ја прошират информацијата. Како резултат на недоволната информираност низа локални организации се наоѓаат пред предизвикот да платат 64,000 МКД или целосно да ја згаснат својата организација. Од Граѓанскиот ресурсен центар информираа дека иако преку Советот за соработка меѓу Владата и граѓанските организации беа направени напори да се надмине овој проблем, сепак за жал државните институции немаа целосно разбирање за проблемот со кој се соочени повеќе локални организации кои функционираат главно на волонтерска основа.

На средбата беше споделен и индивидуален случај во кој локална организација која постои повеќе од 15 години во моментот е со блокирана банкарска сметка поради неплатена телефонска сметка во 2006 година.  Меѓутоа каматата, трошоците за извршител и други административни трошоци претставуваат огромен товар со кој малата локална организација не може да се справи во моментот и побара начин за решавање на предизвикот.

„Како претставник од општината особено значајно ни е што имате интерес за помалите места и за помали и помлади граѓански организации, преку јакнење на капацитетите на вашите онлајн обуки, информации за повици и останатиот делокруг на делување. Се надеваме на плодна соработка како со здруженијата на граѓани така и со Општина Македонски Брод – истакна Вања Димоска од Општина Македонски Брод.

Малкуте локални организации имаат добра соработка со општината која што е отворена за соработка. Од општината информираа дека повик за финансирање на граѓански организации не објавуваат, туку на барање од организациите може да обезбедат средства согласно на нивниот општински буџет. Во општината немаа посебно лице одговорно за контакти со организациите но Одделението за локален економски развој го покрива и ова прашање. Од граѓанските организации информираа дека позитивна работа е тоа што во тек се преговори со Општината за вклучување на локалните организации и нивно консултирање при изготвување на општинскиот буџет. Дополнително, Општината е во процес на формирање на Младински центар во Македонски Брод.

Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...