fbpx

Повик за учество на Работилница за Стратешко планирање за граѓанските организации

17 Ное 2023

Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот  ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на Работилница за Стратешко планирање 19-20 декември 2023 во Гостивар.

Услов за учество

Услов за учество на оваа работилница е претходно да ја имате поминато онлајн Обуката за Стратешко планирање.

За соодветно планирање на времето, ве молиме имајте предвид дека за да се помине оваа онлајн обука ви се потребни минимум 6 дена од денот на регистрацијата бидејќи онлајн обуката се состои од 3 модули кои ги добивате на период од два дена.

Работилницата за Стратешко планирање ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат нивното знаење за клучните концепти на процесот на стратешко планирање, разбирање и анализирање на интерните состојби во организацијата и надворешното опкружување во кое таа делува. Преку практичните вежби, учесниците ќе стекнат знаење и вештини за примена на практични алатки за внатрешна и надворешна анализа, формулирање на визија и мисија, како стратешки цели и приоритети на организацијата, а ќе се разгледаат и дискутираат и неколку различни формати за подготовка на Стратешки план.

Со цел да се обезбеди успех и резултати од градењето капацитети, после оваа работилница, со обучените организации ќе се спроведат последователни менторски активности за да се осигура дека предвидените резултати се финализирани.

Со цел да бидете подобро подготвени за работилницата ве молиме пополнете ја самооценката  на организациските капацитети за вашата организација.

Пријава за учество

Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата подолу најдоцна до 05.12.2023.

Пријава за Работилница за Стратешко планирање
  • Информации за организацијата
  • Информации за лицето кое се пријавува за учество на работилницата

Пријава за Работилница за Стратешко планирање за граѓанските организации

19-20 декември 2023, Гостивар


наведете ги слабостите и предностите кои сметате дека ги има вашата организација во областа на транспарентност и отчетност
(заедно со кус опис на обврските)
Ве молиме имајте предвид дека единствениот услов за учество на оваа обука е претходно да ја имате поминато онлајн Обуката за Стратешко планирање

За активностите на ГРЦ

Дел од активностите преку кои  Граѓанскиот ресурсен центар во рамки на проектот  ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“ ќе придонесе граѓанските организации да имаат подобри капацитети, долгорочно планирање, одржливост, видливост, застапување, ефективност и да работат на потранспарентен и поодговорен начин, меѓудругото, се:

  • Обуки, консултации и менторство на различни теми, во живо и онлајн и
  • Грантова шема – мали акциски грантови за поддршка на локални тематски иницијативи на мали граѓански организации во заедницата

Грантовата шема ќе биде директно поврзана со програмата за градење капацитети на проектот, односно за да бидат подобни, меѓудругото, апликантите за мали грантови ќе треба да имаат завршено најмалку една обука/работилница (онлајн или во живо) пред да аплицираат на повикот за грантови. Спроведувањето на оваа грантова шема начелно е планирана за 2025 година.

Овие активности се дел од проектот ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскио

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...