fbpx

Потребно е активирање и јакнење на организации во Крива Паланка

13 Апр 2023

Претставниците на граѓанските организации и на Општина Крива Паланка сакаат да подготват локална Стратегија за развој на граѓанското општество, а Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) може да го поддржи тој процес. Ова беше еден од заклучоците од Мобилниот ресурсен центар што се одржа во Крива Паланка на 12 април 2023 година на кој учествуваа 33 претставници на граѓанските организации, локалната самоуправа и млади од општината.

ГРЦ може да одговори и на една од итните потреби на организациите која се однесува на јакнење на нивните организациски капацитети, особено за пишување проекти.  Учесниците со договорија дека ќе се координираат со ГРЦ и Европската куќа (Europe House) во следниот период. На учесниците им беа презентирани и можностите и поддршката од ЕУ за граѓанските организации, со посебен фокус на Насоките за поддршка од ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027.

Организациите се запознаа со надлежностите на Одделението за соработка со НВО, Советот за соработка со граѓанските организации како и владината Стратегија за соработка со и развој на граѓанското општество. Ниту една организација не знаеше за постоењето и улогата на Советот.

Во вториот дел од посетата, учесниците добија информации за принципите на волонтерството и низ работни групи дискутираа за состојбата со волонтирањето во нивниот град, очекувањата и ограничувањата на организаторите на волонтерска работа, мотивацијата на волонтерите, како и начините на кои младите волонтери можат да придонесат. Важно е дека кај граѓаните има интерес и волја за волонтирање. Тие помагаат но често не го препознаваат правењето добри дела и помагањето како „волонтирање“, додека од друга страна организаторите на волонтерската работа не ги администрираат соодветно, што укажува на потребата од поголема промоција на волонтерството и поддршка за граѓанските организации при развивање на програми за волонтери и системи за следење и поддршка на волонтерите.

Младите се заинтересирани да волонтираат. Според нив, тоа им дава можност да придонесат во својата заедница и да им помагаат на другите. Покрај тоа, волонтирањето го гледаат и како можност корисно да си го исполнат слободното време, да учат и да се надградуваат, да се дружат и да се забавуваат. Сепак, забележуваат дека недостигаат информации за тоа каде и како можат да волонтираат. Од друга страна пак забележаа дека недостига едукација и поттик за волонтирање во образовниот систем и од страна на граѓанскиот сектор.

Учесниците дадоа  идеи за волонтерски активности во кои младите можат и сакаат да се вклучуваат, а исто така и бројни вештини и способности што сакаат да ги стават на располагање на заедницата.  

ГРЦ го организираше Мобилниот ресурсен центар во соработка со Регионалниот центар за соработка СПЕКТАР и Europe House, Крива Паланка.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...