Граѓанскиот ресурсен центар има чест да ве покани на дебатата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество“, која ќе се одржи на 4 септември 2024 година (среда) со почеток од 10 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје.
Развиено граѓанското општество придонесува за зајакнувањето на демократските вредности и ја поттикнува граѓанската свест. За да можат граѓанските организации да одговорат ефикасно на општествените предизвици и потребите на граѓаните, потребна е функционална соработка со Владата и институциите. Во тек е спроведување на четвртата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество (2022-2024), која треба да обезбеди поттикнувачка и одржлива околина за непречено функционирање и независно делување на граѓанските организации. Само ваквите организации придонесуваат во зајакнување на демократското управување, ги рефлектираат интересите и потребите на граѓаните и се вклучуваат во структурниот дијалог.
Со овој настан би поттикнале дискусија и за спроведувањето на Стратегијата, функционирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, државното финансирање за граѓанските организации и низа други релевантни прашања. Заклучоците од дебатата ќе се фокусираат на следните потребни чекори и активности важни за зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанските организации.
На дебатата се поканети претставници од граѓанските организации, државните институции, донаторската заедница и други релевантни чинители.
Агенда за настанот
9:45/10:00 | Регистрација на учесници |
10:00/10:20 | Отворање на настанот – Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија – Игор Јанушев – Генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија – Андриана Матлиоска, Државен секретар, Министерство за финансии (да се потврди) |
10:20/11:00 | Овозможувачката средина за развој на граѓанското општество – моментална состојба и идни чекори – Сузана Никодиевиќ-Филиповска, Раководител на Сектор за анализа на политиките и координација, Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија – Зоран Илиески, поранешен член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество – Валентина Величковска, извршна директорка, Граѓански ресурсен центар Фацилитатор: Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија |
11:00/11:45 | Дискусија |
11:45– | Коктел |
Пријави се за учество на дебатата
Настанот е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Спроведуван е од Националната фондација за развој на граѓанското општество „Граѓански ресурсен центар“, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар и Медиа плус, Штип. Целта на проектот е зголемен капацитет и отпорност на граѓанските организации за тие да бидат компетентни, ефективни и отчетни независни чинители и околина која е погодна за граѓанското општество.