Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектите финансирани од Европската Унија „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2” и „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија”, ги поканува претставниците на граѓанските организации, релевантните државни органи, како и сите заинтересирани лица на консултации за измена на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
Консултативните средби ќе се одржат со следниот распоред:
- 24 октомври 2024, од 12:00-14:00 часот во Ресурсен центар Гостивар (Бул. Браќа Гиноски 1/спрат 1)
- 25 октомври 2024 од 12:00 – 14:00 часот во зградата на Општина Битола, Битола
На консултациите ќе бидат презентирани и дискутирани нацрт измените и дополнувањата на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, подготвени врз основа на пристигнатите предлози од граѓански организации по јавниот повик за консултации објавен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на 5.9.2024 година на www.nvosorabotka.gov.mk.
Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество.