fbpx

Отворен повик за три обуки од ГРЦ

13 Апр 2021

Граѓански ресурсен центар објавува отворен повик за учество на обуки на следните теми:

  • Примена на теоријата на промени во граѓанските организации: 23, 26 и 28 април 2021
  • Вклучување на конституентите во работењето на граѓанските организации: 5, 7 и 10 мај 2021
  • Управување со човечки ресурси: 17, 19 и 21 мај 2021

Детали за обуките

Примена на теоријата на промени во граѓанските организации

Учесниците на оваа обука ќе ги зајакнат капацитетите за примена на теоријата на промени во работењето на нивните организации, при осмислување на развојни програми и постигнување на програмски цели на организациите.  

На обуката ќе бидат обработени следните прашања: Што вклучува процесот на теорија на промени во пракса? Како да се развие и примени пристапот на теорија на промени на организациско ниво? Како примената на теорија на промени помага во стратешкото планирање? Како да се користи теоријата на промени за креирање рамки за мерење?

Преку практични примери учесниците ќе се стекнат со знаење како да го користат пристапот на теорија на промени за проверка и потврда на добро дефинирани приоритети, дефинирање на програмски цели и индикатори за следење и евалуација.

Напомена: Учесниците треба да бидат претставници на граѓански организации кои се дел од раководните структури и одговорни за донесување одлуки во организација.

Вклучување на конституентите во работењето на граѓанските организации

Обуката за Вклучување на конституентите во работењето на граѓанските организации ќе започне со дефинирање на директни и индиректни конституенти на граѓанските организации. Со оваа обука учесниците ќе ги надоградат знаењата и вештините за поуспешно комуницирање, консултирање и вклучување на конституентите во работењето на нивните организации.

Користејќи студии на случај и успешни практични примери, обучувачот ќе ги зајакне капацитетите на учесниците за различни  методи и алатки за прибирање идеи како и дополнителни начини на онлајн и офлајн работење со конституентите. Градење членство и одржување  на посилни врски помеѓу граѓанските организации и граѓаните ќе биде еден од сегментите обработени со оваа обука. Обуката ќе стави фокус и на вклучувањето и учеството на младите во активностите на организациите.

Напомена: Учесниците треба да бидат претставници на граѓански организации кои работат на оперативно ниво во организацијата.

Обука за управување со човечки ресурси

Учесниците на обуката за управување со човечки ресурси подетално ќе се запознаат со организациските процедури и политики за управување со човечки ресурси.

Дополнително, преку практични примери учесниците ќе се стекнат со знаење за поврзаноста на управување со човечки ресурси и организациска стратегија, организациска култура, посветеност и организациски вредности, градење тим, тимска работа и меѓучовечки односи, системи за внатрешно градење капацитети на персоналот и процедури за ангажирање и задржување на персоналот.

На оваа обука учесниците ќе работат на ревизија на постоечката организациска структура и моменталниот систем на плати, како и системот за управување со перформанси, планирање и оценување на перформанси на персоналот и мотивирање на персоналот.

Напомена: Учесниците треба да бидат претставници на граѓански организации кои се на раководни позиции или одговорни за управување со човечки ресурси во организациите.

Пријавување за обука

Обуките ќе бидат спроведени онлајн на платформата ЗООМ, секој ден од 10:00 – 13:30 часот.

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на info@rcgo.mk најдоцна до 20.04.2021.

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организацииво рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...