fbpx

Отворен повик за две обуки

10 Окт 2019

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на програмата Граѓански ресурсен центар, финансирана од Европската Унија, објавува отворен повик за учество на следните две обуки:

  • Обука за граѓанско учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, 28-29 октомври 2019, Скопје
  • Обука за пишување на проектна апликација – од проектна идеја до успешна проектна апликација, 12-13 ноември 2019, Штип

Заинтересираните треба да ја пополнат соодветната пријава и да ја испратат на info@rcgo.mk најдоцна до 18.10.2019.

Со обуката за граѓанско учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, граѓанските организации кои се заинтересирани да преземат локални иницијативи ќе ги надградат нивните знаења и вештини за да иницираат одредена соработка со локалната самоуправа или да ја мониторираат нејзината работа, како и да влијаат на процесот на одлучување. На оваа обука учесниците ќе стекнат продлабочени знаења и разбирање за функциите на локалната самоуправа и улогата на сите засегнати страни во процесот на донесување одлуки на локално ниво.  Учесниците ќе научат како да ги употребуваат соодветните механизми и методологии за ефективно учество на граѓаните во донесување на одлуки на локално ниво, преку практични примери и успешни приказни. Дополнително, учесниците ќе разработат план за фацилитирање на учеството на граѓанските организации во процесите на донесување одлуки и ќе се запознаат со неколку различни видови на ефикасна соработка помеѓу ГО и локалните самоуправи како и пренесување на надлежности. Преку практични вежби, учесниците ќе стекнат знаење за изработка на план за застапување на локално ниво и ќе знаат правилно и соодветно да ги адресираат интересите кон соодветните органи.

Обуката за пишување на проектна апликација – од проектна идеја до успешна проектна апликација ќе им помогне на граѓанските организации да применуваат аналитички пристап во читањето повици за доставување проектни идеи. Учесниците ќе го зголемат нивното знаење и вештини за развој на проектна идеја и планирање на проект, анализа на проблеми, анализа на цели и избор на проектна стратегија, пристап на логичка рамка, логика на интервенција, индикатори за проверка на успехот на проектот, итн. Преку практични вежби, учесниците ќе стекнат знаење за пополнување на формата за аплицирање и нејзино поврзување со логичката рамка, како и пишување на проектната апликација. Обуката е на основно ниво и е предвидена за организации кои немаат значајно искуство и развиени интерни капацитети за пишување проектни апликации и спроведување на проекти.

Овие обуки се дел од Програмата за градење капацитети на граѓанските организацииво рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...