fbpx

Организациите повикаа на враќање на функционалноста на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

15 Ное 2023

Дијалогот, партнерството меѓу граѓанските организации и институциите треба да се базира на доверба, каде што секоја страна ја признава важноста на улогата на другата и ги почитува нејзините ставови. Ова беа дел од ставовите искажани на дебатата на тема „Структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанските организации и институциите“ организирана на 3 ноември 2023 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, Скопје и онлајн. На дебатата активно учествуваа околу 70 владини и претставници на граѓанските организации.  

Ирена Иванова од Делегацијата на Европската Унија во своето воведно обраќање стави акцент на постигнувањата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од неговото постоење до сега. Таа потсети дека идеата за Советот во Македонија датира уште од 2008 година, а по низа дискусии, активности и поддршка преку проекти финансирани од Европската Унија и други донатори, Советот беше формиран во 2018 година.

На настанот беа споделени и регионални искуствата од функционирањето на вакви механизми и тела за дијалог меѓу граѓанските организации и институциите. „Структурираниот дијалог е важна алатка што може да придонесе кон појако граѓанско општество“ – истакна Владимир Тхано, Заменик претседавач на Националниот совет за граѓанско општество во Албанија. Тој рече дека во Албанија во 2015 година е донесен Закон за формирање на Совет за граѓанско општество кој што е основан во 2018 година. Советот во Албанија има 12 претставници од граѓанското општество избрани на отворен повик и 12 претставници од органите на државна управа. Еден од предизвиците со кој се соочува ова тело е честото менување на владините претставниците, како и слабата експертиза. Тој ја истакна потребата од зголемување на капацитетите и јакнење на улогата на Советот.

Зорана Марковиќ, извршна директорка на Центар за развој на невладини организации, а воедно и Ресурсен центар за граѓанските организации во Црна Гора го сподели нивното искуство. Советот во Црна Гора е основан во 2010 година со 24 членови, а претседателот бил од редовите на владините претставници. Во првите осум години, владините претставници во Советот биле службеници од пониско ниво во ресорните министерства. Според Марковиќ, ова влијаело на функционирањето и носењето одлуки во Советот. Во 2018 година, била донесена одлука во Советот да членуваат претставници од владата на највисоко ниво. Тогаш, бројката на членови на Советот била намалена на 12 (6 од ГО и 6 владини), а претседавачот на Советот е од граѓанските организации. „Во првите осум години не можеме да кажеме дека Советот имаше плодна работа, се состануваше само за да се штиклира полето кога станува збор за евроинтегративниот процес на Црна Гора. Но, од 2018 до 2021 година има напредок. Очигледно е дека кога постои вистинска политичка волја, работите можат да се направат“, изјави Зорана Марковиќ. Меѓутоа од 2021 година Советот не е функционален поради слабиот интересот за членство во Советот од страна на ГО, па така, и по пет отворени повици, се уште недостигаат тројца членови. Една од причините за ова таа ја гледа во ниската доверба на ГО во владата.

Фани Каранфилова Пановска, претходна претседателка на Советот во Македонија, се осврна на функционирањето и придонесот на Советот и изрази надеж дека Владата ќе најде воља и разбирање за  реактивирање на ова тело. Според неа проблемот може да се надмине само доколку состојбата со доделувањето на финансиските средства преку Генералниот секретаријат се врати на сила како што беше пред крајот на 2021 година.

Граѓанските организации го поздравија отварањето на дебатата за функционирањето на Советот и се заложија за нејзино продолжување се до нормализирањето на работата на Советот. Во дискусијата, претставниците на граѓанските организации ги дадоа своите ставови и мислења за надминување на предизвикот во функционирањето на Советот. Дел од ставовите на организациите беа во насока дека граѓанските организации не смееле да дозволат да бидат без Советот повеќе од една година и дека Советот треба да продолжи да функционира. Тие рекоа дека не очекуваат крупни резултати уште со вториот мандат на Советот, но дека е потребно активно работење. Дополнително, средствата порано распределувани преку Генералниот секретаријат на Владата, чие укинување го иницираше бојкотот на Советот, преставуваат само 2% од вкупниот државен буџет за граѓански организации, а и овие средства не се целосно укинати туку се префрлени на друго министерство.

Меѓутоа, укинувањето на распределбата на финасиските средства преку Генералниот секретаријат беше иницијалната причина која што потоа прерасна во целосно непостоење на политичка воља на Владата за дијалог, да се сретне со претставниците од Советот и да се најде заедничко решение за надминување на состојбата. Функционирањето на Советот, како и подетален хронолошки преглед на бојкотот на работата на Советот се опишани во Анализата на работењето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество во 2022 година.

Учесниците на дебатата се согласија да ја продолжат дискусијата за ова прашање, и иницираа да се слушне мислењето на повеќе граѓански организации преку анкетен прашалник кој ќе го подготви и сподели Граѓанскиот ресурсен центар.

Дебатата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите

Информативни сесии На 20 јануари 2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објави јавен повик за избор на 14 членови и заменици членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженија и...

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...