fbpx

Организациите побараа од Владата враќање на дијалогот и транспарентност на државното финансирање за ГО

21 Мар 2023

Спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество беше тема на тридневните консултации што ги организираа Граѓанскиот ресурсен центар и Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата во периодот од 14 до 16 март оваа година во Скопје, Гостивар и Штип. Нацрт-извештајот за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024 за 2022 година беше презентиран пред околу 80 граѓански организации (ГО) и други релевантни чинители кои дискутираа за статусот на спроведувањето на активностите и дадоа предлози за приоритетите и спроведувањето на Стратегијата во следниот период.

Акцискиот план за спроведување на Стратегијата содржи вкупно 81 активност, од кои 61 се планирани за 2022 година. Според извештајот, 16 активности (26,2%) се реализирани во 2022, 17 активности (27,9%) се во тек, а 28 активности (45,9%) доцнат со реализација. Дел од мерките спроведени во 2022 година се однесуваат на спроведените јавни консултации со граѓанските организации за измените на Законот за здруженија и фондации; проширувањето и редовно ажурирање на отворените податоци што Централниот регистар ги објавува; развивање на мрежа на социјални услуги во локалната заедница и вклученост на ГО како даватели на социјални услуги, поддршка на активности за промоција и едукација за социјалното претприемништво, итн.

На консултативните средби, локалните организации доминантно се фокусираа на потребата од подобро информирање за активностите на централно ниво, за законските измени што се однесуваат на организациите, како и за јакнење на нивните капацитети за активно вклучување во процесите на креирање политики и застапување за општествени промени. Тие ја истакнаа потребата од подобро вмрежување и соработка на локално ниво за да се креира силна база за застапување пред државните институции. „Потребно е итно враќање на дијалогот меѓу граѓанските организации и Владата” како и „активирање на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанските организации” – беа меѓу најчестите коментари на организациите. Тие истакнаа дека има уназадување на транспарентноста при доделувањето државни средства за ГО и побараа од Владата итно да работи на нејзиното подобрување како и на унифицирање на методологијата за доделување и следење на користењето на средствата.

Организациите ги искористија консултациите да споделат и други предизвици, надвор од рамката на Стратегијата што укажува на потребите од почести меѓусебни и консултации со Одделението.

Стратегијата усвоена од Владата во декември 2021 г. ги утврдува клучните приоритети и содржи активности за унапредување на правната и даночната рамка за ГО, зајакнување на институционалната рамка и практиките на соработка меѓу Владата и ГО, унапредување на системот на државно финансирање за ГО, подобрување на нивното учество во креирањето и следењето на политиките и јакнење на граѓанскиот сектор како чинител во социјално-економскиот развој. Мерките што се преземаат со оваа Стратегија на институционално ниво се насочени, меѓу другото, и кон одржување на континуитетот во работата на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и за подобрување на практиките за комуникација и соработка со ГО.

Овој настан беше дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...