fbpx

Општина Чашка ги поддржува и е отворена за соработка со локалните организации

20 Мар 2024

На 19 март 2024 година, во салата на Советот на општина Чашка, локалните организации и активистите од оваа општина се информираа за актуелностите за развој на граѓанското општество на локално и национално ниво, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар, ЕУ агендата и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво. Посетата беше спроведена во рамки на посетите на Мобилниот ресурсен центар чија цел е Граѓанскиот ресурсен центар да се доближи до локалните организации во различните општини и региони и да поразговара за потребите и предизвиците со кои се соочуваат организациите во своето работење.  

Организациите ги споделија предивизиците со кои се соочуваат во текот на своето дејствување. На национално ниво предизвиците кои ги истакнаа главно се однесуваа на начинот на кој минатата година беше менаџиран изборот на грантисти од страна Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, но и на тоа дека е намалена соработката со Одделението за соработка со невладините организации при Генералните секретаријат на Владата. Предизвиците со кои организациите од Чашка се соочуваат на локално ниво главно се поврзани со тоа што во оваа општина постојат некои, како што истакнаа: “формално“ формирани организации кај кои нема многу расположение за меѓусебна соработка“. Дополнително, како што рекоа присутните, кај некои организации се забележува и слаба транспарентност и видливост, отсликана преку тоа што дел од овие организации немаат веб страница или некој друг профил на социјалните мрежи, на кој би можеле да се најдат лице за контакт, телефон, е-маил или други контакт податоци преку кои би можеле да се контактираат самите организации.

Во текот на дискусијата, претставниците од Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес го истакнаа своето задоволство од соработката со општина Чашка, потенцирајќи дека и покрај тоа што оваа организација е од Велес, дел од нивните простории и многу од нивните активности се во општина Чашка, заради подобрите услови за делување кои за нив ги обезбедила општина Чашка, во споредба со општина Велес. И другите присутни го истакнаа задоволството од нивната соработка со општината, особено во делот на финансиска поддршка за граѓанските организации од Чашка и Велес а за активности што се спроведуваат на територијата на општина Чашка.

Истиот ден, во просториите на општинската зграда беше одржана и средба со претставниците на Општина Чашка. Според нив, локалните организации имаат добра соработка со општината која што е отворена за соработка. Од општината информираа дека објавуваат јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на општина Чашка. Освен од Чашка, за финансиска поддршка можат да се пријават и организации од Велес, за спроведување на активности во Чашка. Во општината немаат посебно лице одговорно за контакти со организациите но Одделението за локален економски развој го покрива и ова прашање. Дополнително, Општината е во процес на формирање на Локален младински совет, за што веќе биле започнати и информативни средби со релевантни чинители.

Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

Одржана обука за новите 14 грантисти за спроведување на локални иницијативи

На 26 декември 2024 се одржа онлајн обука за избраните грантисти на повикот за акциски грантови за локални иницијативи. На настанот беа обучени претставници на 28 организации, кои во следните девет месеци ќе спроведуваат акциски грантови за локални иницијативи во...

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

Преку вмрежување до посилно граѓанско општество

На 24 декември 2024 во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа регионална средба за вмрежување организирана од страна на тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”. Средбата претставуваше можност за граѓанските организации од регионот да...

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

Делувањето во партнерство и соработката се едни од клучните фактори за ефективно учество во креирање политики на локално ниво

„Делувањето во партнерство со што е можно поголем број на граѓански организации и други релевантни чинители, како и одржување на редовни консултации и градење добри релации со носителите на одлуки се едни од клучните фактори за ефективно застапување и учество во...