Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија започнува онлајн консултации за граѓанското општество и другите засегнати страни, заинтересирани да придонесат за дефинирање на приоритетните теми и другите важни елементи на претстојниот Повик за предлози во рамките на ИПА III Инструмент за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2022 – 2023.
Повикот за предлози треба да го одразува стратешкиот пристап на ЕУ за регионот на проширување, утврден во програмската рамка на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III). Оваа рамка ги идентификува клучните области на политиката со цел да се унапреди социо-економскиот развој, да се обезбеди долгорочно закрепнување на регионот и да се придвижи напред на патот кон ЕУ. Во овој контекст, граѓанските организации (ГО) имаат клучна улога во идентификувањето на клучните области на политиката и вклучувањето во донесувањето политики и одлуки во различни тематски области.
Овој повик за предлози има за цел да ја поддржи вклученоста на граѓанските организации во специфичните области на политиката и нивната структурирана соработка со јавните институции и бизнис заедницата за да придонесат за реформите во клучните сектори како дел од пристапувањето во ЕУ. Објавувањето на овој повик е планирано за првата половина од 2023 година.
Ве молиме да го пополните Прашалникот најдоцна до петок, 17 февруари 2023 година, до крајот на работно време, за да може вашиот придонес да биде земен предвид во Упатствата на Повикот.
Линк до прашалникот: https://mcms.limequery.com/344681?lang=mk